Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела спротивно на ДУП, објектот бил наменет за лесна индустрија

    Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела спротивно на ДУП, објектот бил наменет за лесна индустрија

    12.08.2026 во 12:363 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На предметната локација каде што функционирала дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски објект во угостителски објект, изјави денеска во судницата во „Идризово“ вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, на судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Според градежното вештачење презентирано од обвинителот Дарко Јакимовски и тимот вештаци, зоната Г10 во Кочани од 1998 година до денес е наменета исклучиво за лесна индустрија и мало стопанство.

    Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и градење – изјави вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ.

    Ангелковиќ појасни дека од намената на објектот зависат сите безбедносни, конструктивни и функционални параметри што градбата мора да ги задоволи, како и дека секој објект мора да се користи согласно издаденото одобрение за градба.

    Конкретно објектот во која била сместена дискотеката или кабаре „Пулс“ е составена од две згради, од кои зграда 1 е изградена 1998 врз издадено одобрение за градба на деловно производен продажен објект. Зграда 2 е изградена без одобрение за градење и во 2011 година е легализирана со намена за лесна и незагадувачка индустрија. Во 2012 година објектот се употребувал согласно намената од ДУП. Од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и градење – појасни Ангелковиќ.

    Таа додаде дека според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови.

    Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата – изјави вештакот.

    На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа.

    Овластувањата на градежната инспекција да реагира кога е извршена нелегална пренамена не е условена со издавање на било кој друг акт, без разлика дали е лиценца – појасни вештакот.

    Со ова сослушување треба да заврши изведувањето на доказите од страна на Обвинителството, во процесот што го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители.

    Прочитај повеќе

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01

    Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 

    22.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.