Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари
    • Голем пожар во Скопје: Изгореа неколку дуќани
    • Трагедија: 46-годишен кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховниот суд покажуваат дека партиските инсталации во судството се сè уште активни
    • Избувнаа 31 пожари – Се уште гори во Македонски Брод и Чучер-Сандево
    • Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – Ден на строг пост
    • Времето денеска сончево и топло до 35 степени, од утре пресврт
    • Фронтекс регистрира голем пад на илегалните влезови во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цената на нафтата повторно скокна

    Цената на нафтата повторно скокна

    11.08.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европските берзи денес забележаа благ раст при што клучните индекси достигнаа нови рекордни максимуми, додека цените на нафтата повторно се искачија над 89 долари за барел поради неизвесноста околу договорот за Ормускиот теснец меѓу САД и Иран.

    Цената на суровата нафта Брент порасна за 1,77 проценти и утрово се тргуваше по 89,306 долари, додека американската сурова нафта WTI забележа раст од 2,06 проценти, достигнувајќи 83,864 долари за барел.

    Индексот STOXX 50 забележа раст од 0,2 проценти, а пан-европскиот индекс STOXX 600 порасна за 0,1 процент. Позитивниот тренд беше главно предводен од силните квартални резултати на компаниите кои ја зголемија довербата кај инвеститорите.

    Технолошкиот сектор исто така забележа позитивно движење по веста дека американскиот гигант Intel собрал 20 милијарди долари преку продажба на акции, додека Nvidia објави планови за обезбедување до 500 милијарди долари за финансирање на инфраструктура за вештачка интелигенција.

    Поради поскапувањето на суровата нафта, пораснаа и акциите во енергетскиот сектор, но повисоките цени на горивата негативно се одразија врз туристичките компании.

    На отворањето на берзата TTF во Амстердам, европските фјучерси за гас за септември се тргуваа по цена од 62,025 евра за мегават-час.

    На валутната берза Форекс, еврото денес се тргуваше по курс од 1,15330 долари.

    Цената на златото забележа пад на 4.359,43 долари за тројанска унца, додека пченицата забележа раст и се искачи на 6,4458 долари за бушел.

    За разлика од европските пазари, американските берзански индекси го завршија тргувањето во понеделник со пад. Дау Џонс падна за 0,11 проценти на 53.975,98 поени, S&P 500 забележа пад од 0,06 проценти на 7.753,11 поени, а Nasdaq се намали за 0,32 проценти, завршувајќи на 26.605,36 поени.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: За две години влегоа 1,4 милијарди евра странски инвестиции, тоа е двојно повеќе од претходната власт

    10.09.2026 во 13:08

    Димитриеска-Кочоска од Охрид: Фискалната отпорност се гради пред кризата, регионалниот раст мора да се базира на продуктивност

    10.09.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.