- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, истата таа визија за силно и независно обвинителство одеднаш исчезна и се замени со наратив за наводни притисоци и загрозен интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Па тука, легитимно се поставува прашањето, дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата…
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Денеска поднесуваме нова кривична пријава, против Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека гувернерот Трајко Славески, со несовесно постапување, предизвикал штета врз Буџетот и правниот поредок“, рече…
Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека премиерот Мицкоски врши сериозен упад во независноста на правосудниот систем и работата на обвинителството, поставувајќи луѓе блиски до власта. „Како што и претпоставувавме, Мицкоски и овој пат лаже, кога вели дека не го познава и дека биографијата била пресудна. Изгледа дека нашите сомнежи ќе се покажат како реални. Мицкоски на телевизија разрешува обвинител, поставува свои советници за судии, сопруги на партиски функционери, не спроведува реформи. Потоа, од говорница му задава задачи…
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот младински центар „МАТИЧНО“ и да се консултираат со тим специјалисти за своето здравје, да направат превентивни мерења на притисокот и шеќерот во крвта, и да добијат бесплатни совети. Оваа акција ја спроведуваме со цел да ја поттикнеме свеста за…
Здравствените власти во Италија го потврдија првиот случај на вирусот на птичји грип од типот H9N2 кај луѓе на европско тло. Пациентот, момче кое неодамна се вратило од Африка, е веднаш хоспитализиран и ставен во изолација во болницата „Сан Жерардо“ во Монца, откако по враќањето во Ломбардија му била поставена дијагнозата. Иако овој вирус првпат се појавува кај човек во Европа, експертите смируваат дека неговиот патоген потенцијал е низок. „Случајот е детектиран на 25 март 2026 година преку стандардни лабораториски тестови. Пациентот веќе имал претходни здравствени проблеми, но за среќа, клиничката слика на грипот е блага и се очекува целосно…
Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. „Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека оваа инвестиција претставува проект од исклучителна важност за локалното население, како и дека реконструкцијата ќе обезбеди побезбедно, побрзо и поефикасно одвивање на сообраќајот и значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу населените места. Проектот опфаќа целосна обнова на патот…
Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година. „Акцијата на Јасен претставува уште еден чекор во напорите за обнова на шумите и зачувување на природните ресурси. Со оваа иницијатива, ние продолжуваме да придонесуваме кон подобрување на екосистемот, како дел од нашата ESG агенда и заложбата за одржлив развој“ – изјави Славко Пројкоски, Главен директор за финансии. Како дел од Дојче Телеком, компанијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени. Неодамна групацијата постигна климатска неутралност во своето работење и ги намали…
Ужас на улиците во Њујорк откако седуммесечно бебе го загуби животот во престрелка која ја згрози светската јавност. Трагедијата се случила среде бел ден во населбата Бруклин, кога двајца мажи на мопед отвориле оган кон група луѓе на тротоарот. Невиното бебе, кое во моментот било во својата количка, било погодено од куршумите и починало како случајна жртва на брутална пресметка на локални банди. „Не постојат зборови кои можат да ја излечат оваа болка. Одземен е живот кој едвај започнал“, изјави видно потресениот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, на местото на настанот.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја шокираше јавноста со своите изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа. Повлекувајќи паралела меѓу себе и влегувањето на Исус во Ерусалим, Трамп пред гостите се пожали дека неговите овластувања се ограничени и дека како „крал“ би имал многу поголема моќ. Причината за неговиот гнев е неодамнешната судска одлука со која му беше стопиран еден од неговите најекстравагантни проекти. „Сега ме нарекуваат крал, верувате ли во тоа? Но, јас сум таков крал што не може да добие дозвола ниту за балска сала. Да бев вистински крал, би можел да направам многу повеќе“, изјави…
Страшното невреме кое ја зафати Грција однесе и прва жртва. Рано изутринава во реонот на Неа Макри, во источниот дел на областа Атика, противпожарните служби извлекле безживотно тело на маж кое било заглавено под автомобил. Според првичните информации, станува збор за државјанин на Полска кој живеел во сутеренски простории. Несреќниот маж излегол да ја провери состојбата со поплавата пред неговиот дом, по што бил завлечен од моќните водени стихии. „Интервениравме со четири пожарникари и две возила, но за жал, само беше констатирана смрт. Властите апелираат на максимална претпазливост бидејќи состојбата на терен е критична“, пренесуваат грчките медиуми.
