Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над милион патници влегле во Грција преку Евзони од јуни досега

    Над милион патници влегле во Грција преку Евзони од јуни досега

    10.08.2026 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 1.100.000 посетители го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција од јуни годинава досега, додека во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 лица, покажуваат податоците што ги објави грчката државна телевизија ЕРТ.

    Зголемениот број возила и неколкучасовните чекања за влез на овој премин се сè почеста тема во грчките медиуми, кои известуваат за километарски колони кон туристичките дестинации во северниот дел на земјата.

    Само во текот на изминатиот викенд (7, 8 и 9 август) во Грција преку Евзони влегоа 62.000 лица, а ја напуштиле 55.000. Денеска до пладне, пак, беа регистрирани 16.500 влезови и 8.500 излези од земјата. Во текот на јули преку овој премин се регистрирани 632.000 влезови и 554.000 излези, додека во јуни влегоа 468.000, а излегоа 387.000 туристи.

    Грчките медиуми и туристичките работници анализираат како доцнењата се одразуваат врз туризмот во Халкидики и областа Пиерија, кои се омилени дестинации за гостите од Балканот.

    Претседателот на Здружението на хотелиери на Пиерија и потпретседател на Федерацијата на хотелиери на Грција, Ираклис Цитлакидис, за телевизијата „Скај“ истакна дека доцнењата влијаат негативно врз туристичкото искуство.

    • Непријатно е кога посетителите се принудени да чекаат со часови на граница и првата слика што ја добиваат е негативна, факт што директно влијае како на туристичкото искуство така и на конкурентноста на регионот, објасни Цитлакидис.

    Тој додаде дека предлагаат зајакнување на персоналот на граничните премини во периоди на зголемен сообраќај, отворање повеќе контролни точки и зголемена соработка со соседните гранични служби. За „Нафтемборики“, Цитлакидис посочи дека за август исполнетоста во Пиерија е околу 80 отсто и очекуваат приходи на нивото од лани.

    Од друга страна, претседателот на Здружението на хотелиери и на Туристичката организација на Халкидики, Григорис Тасиос, за „Нафтемборики“ оцени дека оваа сезона ќе заврши со намалени приходи и пристигнувања споредено со минатата година.

    • 2026 година е година на резервации во последен момент, а вистинските резултати ќе се видат на крајот од сезоната, посочува Тасиос.

    За да се намалат застоите, на Евзони привремено се користи можноста од новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација (ЕЕС), според која во периоди на зголемен сообраќај регистрацијата се спроведува регуларно, но без земање отпечатоци и фотографирање.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.