Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагична судбина: Мароканска фудбалерка се удави обидувајќи се да преплива во Шпанија, истиот ден ѝ била одобрена визата

    Трагична судбина: Мароканска фудбалерка се удави обидувајќи се да преплива во Шпанија, истиот ден ѝ била одобрена визата

    12.08.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дваесет и шестгодишната Фатен Бен Омар Ел Азизи, поранешна фудбалерка на Атлетико Тетуан, се удави при обид да преплива од Мароко во шпанската енклава Сеута. Трагедијата се случила истиот ден кога од шпанскиот конзулат ѝ било соопштено на нејзината мајка дека на девојката ѝ е одобрена виза за Шпанија, објавува „Гардијан“.

    Фатен се удавила на 30 јули како една од речиси 150-те жртви на масовниот обид за преминување на границата. Според организацијата „Каминандо Фронтерас“, во овој бран загинале најмалку 141 лице, главно помлади од 35 години.

    Иако играла во женската регионална лига за Атлетико Тетуан, фудбалот не ѝ овозможувал егзистенција. За победа добивала околу 25 евра, а за пораз ништо, па дополнително работела на локалните гробишта во Тетуан каде чистела гробови и продавала босилек за да го издржува семејството по смртта на нејзиниот татко.

    „Таа сонуваше да стигне до Европа преку фудбал“, вели нејзината мајка, Џамила. На крајот, Фатен била погребана токму на гробиштата каде што работела.

    Истиот ден кога исчезнала, нејзината мајка добила телефонски повик од дипломатското претставништво. Му соопштиле дека на нејзината ќерка ѝ е издадена виза и треба да ја подигне од конзулатот во Тангер. Мајката не знаела дека Фатен воопшто аплицирала за виза, ниту зошто решила да го ризикува животот по морски пат.

    Телото го идентификувала нејзината tetка, откако еден очевидец им соопштил дека Фатен си ја удрила главата за време на препливањето. По трагедијата, мајката открила дека и нејзините други две деца заминале кон Сеута – постариот син успеал да премине, додека за 14-годишната ќерка сè уште чека потврда.

    „Сега сум оставена сама, без деца“, заклучува таа.

    Оваа трагедија доаѓа во период на растечко незадоволство меѓу младите во Мароко, каде што невработеноста кај младите до 24 години достигнува речиси 40 проценти, а минималната плата во приватниот сектор изнесува околу 300 евра. Граѓаните сè почесто ја критикуваат власта дека вложува во скапи стадиони за Светското првенство во 2030 година наместо во здравството и отворањето нови работни места.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.