- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во конзерваторско-реставраторските работи за непосредна заштита на еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода, Спомен-домот на Разловечкото востание. Оваа година, на 20 мај, одбележуваме 150 години од Разловечкото востание, јубилеј кој нѐ обврзува со уште…
Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој обвини дека со Мицкоски и неговата, како што рече, организирана криминална група нема членство во Европската Унија. „Значи, децении загарантирана сиромаштија, загубени генерации поради засилено иселување на младите, карта во еден правец за македонската младост. Значи децении криминал и корупција без никаква контрола. Значи…
Во вторник и среда во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај…
Со солзи во очите и треперлив глас, Љубица, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска во судницата ја отвори душата за пеколот низ кој поминувала нејзината ќерка. Таа раскажа дека Ивана со години го криела насилството со зборовите „ќе биде добро, мамо“, додека на нејзиното тело постојано се гледале модринки. Најшокантниот дел од сведочењето беше описот на настанот од 2021 година, кога зетот ја повикал по полноќ со највулгарни навреди за нејзината ќерка. „Ја затекнав Ивана како ја гушка малата Катја, а тој беше агресивен. Пред мене тргна да ја удpи, јас застанав помеѓу нив. Ивана само повторуваше: ‘Сè нека земе,…
Морничава атмосфера денеска во Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на судењето против Стојанче Јовановски. Додека обвинителката Адела Бојчевиќ ги читала воведните зборови и деталите за тоа како Ивана и нејзината 6-годишна ќерка Катја починале по падот на бетонот од шести кат, обвинетиот Јовановски се смеел и мафтал со главата во знак на негодување. Сепак, во моментот кога биле опишани смртоносните повреди и прекинот на мозочните функции кај жртвите, тој го покрил лицето со рацете, наведнат на судската клупа. „Обвинетиот подолг период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата. Ја тепал до онесвестување, ја нарекувал со највулгарни зборови и ѝ се…
Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Американското воено присуство на Блискиот Исток достигна критична точка. Со последното испраќање на дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари, вкупниот број на американски трупи во регионот надмина 50.000 – бројка која е за 10.000 поголема од вообичаеното. Според „Њујорк тајмс“, ова масивно засилување е јасен сигнал дека претседателот Доналд Трамп подготвува следна фаза во едномесечната војна, која вклучува и копнени офанзиви. „Претседателот ја разгледува можноста за заземање на островот Харг или друга клучна територија со цел насилно отворање на Ормутскиот теснец, кој е блокиран поради иранските одмазднички напади“, пренесуваат американските медиуми. Овој потег е од витално значење за светската економија,…
Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за процесот кој ќе биде во фокус периодот што следи. Во рамки на настанот беше презентирана оценката за примената на Законот за меѓуопштинска соработка, донесен во 2009 година, како и подзаконските акти кои произлегуваат од него. Анализата покажа дека во изминатиот период…
Додека цените на нафтата на светските берзи веќе дивеат, Доналд Трамп дополнително го „потпали“ пазарот со најавата дека целта на САД е целосна контрола врз иранските енергетски ресурси. Во последното интервју за „FT“, тој беше дециден дека преземањето на извозниот центар на островот Харг е една од најсериозните опции на маса. Трамп не крие дека неговиот главен интерес е иранското „црно злато“, а неговите изјави веќе предизвикаа паника меѓу аналитичарите. Оваа реторика на американскиот претседател дополнително ги подгрева стравувањата дека војната која започна на 28 февруари може да прерасне во глобален енергетски конфликт со несогледливи последици по светската економија.
