Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар

    Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар

    11.08.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, на денешната прес-конференција излезе со барање Венко Филипче и Рената Младеновска да објаснат зошто не реагирале на извештаите за квалитетот на водата во градот.

    Андоновски посочи дека лицата кои претходно ги раководеле институциите сега се обидуваат да го префрлат фокусот од сопствената одговорност.

    „Почитувани, Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста“, изјави Андоновски.

    Тој јавно праша за причините поради кои не биле преземени мерки по добивањето на официјалните документи.

    „Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по добиените над 400 извештаи кои укажувале загадена вода? Гостиварци мора да дознаат зошто биле труени со години, а СДС и Филипче не презеле никакви чекори“, додаде тој.

    Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар истакна дека актуелната власт веќе ги презема сите неопходни чекори за снабдување на населението.

    „За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Но паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се расчисти и минатото“, нагласи Андоновски.

    На крајот, тој побара соодветна правна реакција од страна на правосудните органи.

    „Затоа го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите кои ги споделивме во јавноста“, заклучи Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.