- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците. Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи.…
Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место Вчера (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час. Против возачот…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која на 2 март си го одзеде животот скокајќи од шести кат заедно со нивната 6-годишна ќерка. Јовановски се товари за три тешки кривични дела, меѓу кои и „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, кој веќе и е познат на јавноста по процесот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежев. „Обвинителството тврди дека од 2019 година, па сè до кобниот ден, обвинетиот во континуитет физички и психички ја малтретирал сопругата со која бил во бракоразводна…
Македонија денеска ќе ужива во релативно стабилно време со сончеви периоди, пред најавената промена која доаѓа веќе од утре. Според синоптичарите, времето ќе биде облачно, но со повремени сончеви интервали и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде нешто поизразен долж Повардарието. Температурите денеска ќе се движат во широк интервал: Во Скопје не очекува слична слика – променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени. Ова е идеална можност за прошетка, бидејќи веќе од утре влегуваме во фаза на нова циклонска активност. Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна…
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ прави голем чекор напред кон модернизација на своите услуги. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека од 01.04.2026 година, граѓаните веќе нема да мора да чекаат по шалтери за своите дозволи, бидејќи целиот систем станува дигитален. Преку новата платформа „moj.parking.mk“, корисниците ќе можат електронски да ги завршуваат сите обврски за зонското паркирање, паркиралиштата со рампа и катните гаражи. „Воведуваме нов, дигитален пристап. Од април, поднесувањето барања за дозволи и плаќањето на месечните и годишните претплати ќе се одвива онлајн. Со ова значително го поедноставуваме и забрзуваме процесот за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски. Паралелно со дигитализацијата, продолжува и ширењето…
Градоначалниците на Скопје и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Дејан Митески, заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, денеска го означија стартот на новата зона D12 во Реонскиот центар. Со оваа мерка, жителите на овој дел од Аеродром конечно добиваат уреден простор и крај на сообраќајниот метеж пред нивните домови. Новата зона опфаќа вкупно 1.334 паркинг позиции, од кои 32 се наменети за лица со попреченост. Станарите добиваат право на две бесплатни дозволи за своите возила. Паркирањето за останатите корисници ќе изнесува 25 денари за час. Од 1 април, паркирањето ќе биде дозволено исклучиво со поседување на соодветна дозвола…
СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Мијалков која беше дел од бомбите
Одлуката на новиот јавен обвинител Ненад Савески да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство е уште еден доказ дека власта системски се обидува да го партизира правосудството со свои инсталации, велат од СДСМ. „По теркот на Груевски, со договорени судии и обивнители од „тевтерчето“ кои граѓаните многу добро го знаат. Името на Костеска-Здравеска се споменуваше во разговорите од бомбите, меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска во кои се договараше нејзиниот избор. „Таа што сме ја договарале“, „Ја квалификувавме како наша“ „Мажи и у Лустрациска“ и „Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот. Тоа…
Тажна вест пристигна од Братислава која го потресе регионот – младата Џенифер, која ја освои јавноста како финалистка на првото издание на натпреварот „Евро Мис Рома“, почина на само 20-годишна возраст. Трагедијата се случила кратко по прославата на нејзиниот роденден, откако подолго време храбро се бореше со рак на белите дробови. Организаторите на изборот за убавина се простија од неа со трогателни зборови, опишувајќи ја како жена со челична волја и неверојатна енергија. „Со длабока тага ја примивме веста дека нè напушти прекрасна, силна и извонредна жена која беше дел од нашето семејство. Нејзината насмевка и љубезност ќе останат засекогаш…
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух.
Министерството за здравство тргнува во фронтална борба против хаосот со работното време на лекарите. Министерот Азир Алиу најави воведување на систем за евиденција со отпечаток од прст (фингерпринт) за сите вработени во јавното здравство, откако анализите покажале фрапантни разлики во ангажманот на докторите. Според податоците на министерството, во некои клиники дополнителната дејност се работела дури 41 процент, што е двојно повеќе од законскиот максимум. Еден специјалист извршил 1.134 операции, додека негов колега од иста специјалност само 470. Во внатрешноста се откриени лекари кои немале ниту една операција во цела 2025 година. Потврдена е исплата од 700.000 денари за еден месец…
