Author: Author 04

Вчера во 19:15 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа К.А.(78) од истото село. Тој бил баран со  судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Р.(38) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. Во периодот од 20.01.2026 до 25.02.2026, пријавениот ја запоставил родителската должност за грижа и воспитување на неговото дете, со што му овозможил да изврши повеќе кривични дела на подрачјето на општина Крива Паланка. 

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор. -Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу. Дополнително, се зајакнува…

Повеќе

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН. Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција. Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски: “ Навистина ми е драго што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на…

Повеќе

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска промовираше мерка која може целосно да го промени начинот на работа во Македонија. Во новата програма на партијата е вклучен предлогот за кратење на работната недела од пет на четири работни дена, со цел да се спречи масовното прегорување (burn out) кај работниците. Филипче истакна дека Македонија станала нација со најдолг работен циклус и дека е време за достоинствен живот. „Станавме нација која е најпреработена и најисцрпена. Со овој модел човекот се става пред профитот. Нудиме и субвенции за сите компании кои ќе го тестираат овој модел на скратена работна недела“, порача Филипче на…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Тој истакна дека оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Според премиерот, со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата. „Оваа инвестиција ќе отвори перспектива за следните 20-тина години да одговори на сите енергетски предизвици и потреби за развој на Градот Скопје. Нашата цел е јасна – сакаме Македонија да биде енергетски хаб во регионот“, порача…

Повеќе

По повод 20 години постоење на ЕВН во Македонија, денеска во центарот на Скопје свечено беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Станува збор за стратешки објект со инсталирана моќност од 120 мегавати, кој треба трајно да го реши проблемот со стабилното снабдување со струја во најфреквентниот дел од градот. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, истакна дека овој проект е од витално значење бидејќи старите капацитети биле проектирани пред повеќе од четири децении. „Со овој објект се надминува тесното грло во системот во зона со интензивен урбан развој и нови потрошувачи. Ова е нова референтна точка за квалитет во чија…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната научно-стручна конференција порача дека „системот го носат луѓето“, а не само опремата. Тој најави дека клучниот столб за градење квалитетен кадар ќе биде повторното воспоставување на средното полициско училиште, проект кој се враќа по пауза од повеќе од 20 години. Според Тошковски, психофизичката подготвеност е основата на професионалноста, особено во услови кога одлуките мора да се носат брзо и под огромен притисок. „Психофизичката подготвеност не е дополнителна вредност, туку основа. Таа значи способност да се остане прибран под стрес, да се реагира рационално и да се зачува интегритетот во секоја ситуација“, истакна…

Повеќе

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на СДСМ, Венко Филипче промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.„Сведочиме на згрозувачка „инфлација на алчноста“. Додека работникот едвај врзува крај со крај, големите корпорацији бројат рекордни профити среде криза. Имаме европски цени во маркетите, а плати што ја надржат на дното на Европа. Власта свесно замижува пред тој неправеден систем, каде профитот се изнесува надвор од земјата, на место да заврши во џебот на граѓаните. Пенизионерите кои ја градеа оваа држава се оставени на маргините, глеајќи како нивните пензии секој месец губат во трката со цените и платите.“…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со британскиот амбасадор Метју Лосон. Главна тема на разговор беше реализацијата на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, со фокус на конкретни проекти кои треба да го забрзаат домашниот економски раст. Муцунски преку својот Фејсбук-профил информираше дека соработката ќе се интензивира во неколку клучни сектори. „Разговаравме за конкретни чекори за продлабочување на соработката со акцент на области од значење за економскиот развој, како инфраструктурата, образованието и здравството“, истакна министерот Муцунски. На средбата беше потврдена заедничката подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи, кои во овој период…

Повеќе