Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС е против прославата на независноста, за нив уништувањето е пасија

    Манасиевски: СДС е против прославата на независноста, за нив уништувањето е пасија

    11.08.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение на Сергеј Манасиевски упати остри критики до опозициската СДСМ во врска со нивните реакции за визуелниот концепт и организирањето на прославата по повод 35 години од независноста на државата.

    Од владејачката партија истакнуваат дека СДСМ директно се спротивставува на прославата на независноста и на сè што е од интерес за државата.

    „Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме. Од СДС директно се против прославата на независноста која сите заедно сме ја создале. Тие се против се што е добро за државата и даваат се од себе, Македонија да не успее. Патем, најдобар доказ за тоа е шарената револуција која уништуваше се пред себе, само за да дојде на власт и да краде“, се вели во соопштението на Манасиевски.

    Тој појаснува дека критиките упатени кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на соодветна уметничка инсталација изработена за јубилејот.

    „Последен пример за напад кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од страна на талогот е уметничката инсталација за 35 години независност на Македонија, на која што се прикажува рефлексија на сонцето. Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби. Им пречи што сите се едни до други во оваа македонска приказна“, наведува тој.

    Манасиевски потсетува и на претходните одлуки донесени во периодот кога СДСМ беше на власт.

    „Ние од нив друго и не очекуваме. Политички лешинари и глодари, таков талог на општеството, 35 години ја уништуваше Македонија. Истиот тој талог, го промени знамето два пати, името два пати, Уставот неколку пати, го избришаа дури и АСНОМ. Ги прифатија сите срамни предавства на штета на Македонија, за тие да си ги полнат своите џебови“, истакнува Манасиевски.

    Во соопштението се заклучува со порака за идниот правец на државата.

    „Имаме една порака до тој талог на општеството. Тоа време заврши. Македонија конечно е горда, исправена и достоинствена. Не коленичи и не се потчинува пред секој оној што ќе го побара тоа од неа. Македонија се возобновува од децениската негрижа на талогот и предавниците. Македонија ќе успее заедно со граѓаните. Затоа што силно светнал ден!“, стои во реакцијата.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.