Close Menu
Press24
    Најново

    Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството

    30.10.2026 во 18:49

    Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    30.10.2026 во 18:46

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
    • Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
    • Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
    • Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
    • Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
    • Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
    • Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: СДСМ шири паника, Националниот дата центар е во корист на граѓаните

    Штерјова: СДСМ шири паника, Националниот дата центар е во корист на граѓаните

    08.08.2026 во 13:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку реакција на Кети Штерјова ги отфрли обвинувањата од денешната прес-конференција на СДСМ во врска со најавената изградба на Националниот дата центар.

    Од владејачката партија истакнуваат дека опозицијата намерно ги меша фактите и шири страв меѓу јавноста наместо да ги разграничи комерцијалните од државните проекти.

    „СДС продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста. Денес на прес-конференцијата од СДС покажаа дека или не знаат или намерно ги мешаат фактите. Па така не се знаеше што мислат за големите комерцијални дата центри и Националниот дата центар што Владата планира да го изгради само за потребите на државата и на граѓаните. Еве кратко ќе им објасниме да си знаат и да научат за во иднина“, изјави Штерјова.

    Таа ги објасни целите и начинот на финансирање на новиот капацитет за складирање податоци.

    „Целта на Националниот дата центар е на едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место да се складираат податоци кои сега се расцепкани низ различни дата центри и функционираат со различни стандарди за безбедност. Со ова државата штеди и добива централизирана инфраструктура со значително повисоки безбедносни стандарди, а средствата планира да се обезбедат во форма на грантови и дополнително со поволно финансирање од меѓународни партнери“, посочи таа.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, напредокот во дигиталната трансформација е нотиран и во меѓународните извештаи, за разлика од периодот кога СДСМ беше на власт.

    „Резултатите во областа на дигиталната трансформација не се празна политичка парола, туку нивната основа е во фактите кои ги пишува во Извештајот на Европската комисија за 2025 година. А што правеше СДС за дигиталната безбедност додека беше на власт. Колку за илустрација, проблеми се јавуваа на официјалната веб страница на Владата, имаше хакерски напади на веб страниците на Државната изборна комисија, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и слично. СДС ја остави државната дигитална инфраструктура во хаос, а денес Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ става крај на хаосот“, нагласи Штерјова.

    На крајот од реакцијата се упатува апел до опозициската партија да престане со дезинформирање на граѓаните.

    „Добронамерно им советуваме на СДС да престанат со лаги и ширење на паника меѓу граѓаните, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно во корист на граѓаните, во конкретниов случај да немаат проблем со нивните податоци и да можат навремено да ги добиваат услугите од државата кои им следуваат. Од СДС секој ден сами покажуваат дека се талог на општеството“, заклучи Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26

    Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците

    30.10.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.