Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Карпалак: 8 Август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

    Мицкоски за Карпалак: 8 Август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

    08.08.2026 во 14:192 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати порака по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај локалноста Карпалак, истакнувајќи дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

    Тој нагласи дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината.

    „Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи. Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ниту ја намали нашата почит. Напротив, секоја година не потсетува дека мирот, слободата и татковината имаат вредност која мора да ја чуваме одговорно и достоинствено“, порача Мицкоски.

    Премиерот истакна дека Карпалак претставува заедничка рана, но и трајна обврска за градење држава во која почитта кон загинатите ќе биде над политиката.

    „Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон Македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите. Пред нивниот спомен се поклонуваме со благодарност и длабока почит. Нека е вечен споменот за хероите од Карпалак. Вечна им слава!“, истакна тој.

    Прочитај повеќе

    Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје

    26.08.2026 во 22:45

    ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери

    26.08.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.