Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО+ВИДЕО) Димитријевиќ: Дива депонија кај Рашче го загрозува снабдувањето со вода во Скопје

    (ФОТО+ВИДЕО) Димитријевиќ: Дива депонија кај Рашче го загрозува снабдувањето со вода во Скопје

    11.08.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди на нова еколошка опасност во заштитеното подрачје околу изворот Рашче, од каде со вода за пиење се снабдува главниот град.

    Според СДСМ, околината на изворот, кој обезбедува вода за Скопје и за 25 проценти од населението во државата, е затрупана со отпад и претворена во дива депонија.

    „Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски“, изјави Димитријевиќ.

    Тој посочи дека сликата на теренот е алармантна и дека состојбата претставува директен ризик за здравјето на граѓаните, особено поради тоа што во истото подрачје се произведуваат и земјоделски производи.

    „За оваа катастрофа, не му треба на ВМРО и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дрон – еве каква е состојбата… катастрофа! Тотален хаос“, додаде генералниот секретар на СДСМ.

    Од опозициската партија потенцираа дека повеќе од еден месец граѓаните во Гостивар и во над 50 населени места ширум земјата се соочуваат со проблемот на загадена вода за пиење, а за тоа сè уште никој не понел одговорност.

    „Кој го дозволува овој еколошки геноцид? Кој дозволил ваква дива депонија да се создава во близина на изворот од кој се снабдува една четвртина од граѓаните во државата? Кој ќе одговара за овој ризик од загрозување на здравјето и животите на граѓаните?“, праша Димитријевиќ.

    Тој повика на итна реакција на институциите, истакнувајќи дека правото на чиста и безбедна вода мора да биде загарантирано за сите.

    „Граѓаните имаат право на чиста и безбедна вода. Не може цела Македонија да биде заложник на неспособноста и неодговорноста на ВМРО. Водата не е партиска тема. Водата е живот“, порача Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.