Author: Author 04

Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, велат од СДСМ. „Единствената мерка на Мицкоски – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната. Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари, меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари, јајцата над 110 денари. Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките…

Повеќе

Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ, Башановиќ, лични навреди и црна пропаганда – тоа е целиот дефокус на ВМРО кога треба да избега од скандалите или да одговори за реалните проблеми на граѓаните со високите сметки и цени, порача Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во дебатата на ТВ 21. Фрчкоски оцени дека власта на Мицкоски нема одговор ниту за високите сметки, ниту за поскапувањата, ниту за кризата во која живеат граѓаните, па затоа секојдневно произведува дефокус. „Година и пол Наум и тимот околу него, а тоа се често и медиуми, се бават со ова, пропаганда за да камуфлира криминал.…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. Настанот е дел од активностите за модернизација на енергетската мрежа во главниот град. Како што информираат од владината прес-служба, овој проект се реализира во рамки на јубилејното одбележување на две децении инвестиции во домашната енергетска инфраструктура. „Настанот е по повод одбележувањето 20 години посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура“, соопштија од Владата. По завршувањето на официјалниот дел, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, каде се очекуваат детали за новата инвестиција и тековните енергетски политики.

Повеќе

Поголем број корисници во општините Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Причина за прекините се планирани технички зафати во мрежата на ЕВН Македонија. Во општина Кисела Вода, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, како и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“. Во Карпош, од 10 до 12 часот прекин ќе има на улицата „Скупи“, вклучувајќи го приватното училиште и просториите пред „Термо систем“. Во Гази Баба, поточно во Трубарево, без електрична енергија ќе остане дел од улицата „30“ во периодот од 9 до…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози и во главно без пречки. Според извештајот на АМСМ, врнежи од снег се регистрирани на повеќе планински превои, каде веќе интервенирале дежурните екипи. Снег паѓа на Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка. На овие делници има мали остатоци од кашаста маса на коловозите. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е со умерен интензитет, а на граничните премини нема задржувања. Од АМСМ упатуваат апел до возачите за поголема внимателност: „АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено…

Повеќе

Снежно невреме во текот на вчерашниот ден, 26 март, го зафати подрачјето на општина Центар Жупа. Интензивни врнежи од снег беа регистрирани во селото Новак, каде зимските услови повторно се вратија во втората половина на март. Информацијата за влошувањето на временските услови ја сподели метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој забележа дека станува збор за силно снежно невреме во овој регион. „Снежно невреме во село Новак општина Центар Жупа 26 март 2026 четврток“, стои во неговата објава. Иако сме календарски во пролет, високите места во овој дел од државата се соочуваат со вистински зимски услови. Сношти снег вееше и во Охрид. Метеопрогнозерот…

Повеќе

Денеска не очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Според метеоролозите, на одредени места врнежите ќе бидат пообилни, со количество над 20 $l/m^2$, а постојат услови и за појава на ретки грмежи. Промената на времето ќе донесе снег на планините каде ќе се формира нова снежна покривка, додека на повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 2 до 8 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – облачно со дожд и услови…

Повеќе

Општина Пробиштип е вознемирена по серијата случаи на труење на животни кои се регистрирани на нејзината територија. Градоначалникот Тони Тоневски најостро го осуди овој чин и потврди дека случајот е веќе пријавен во полиција, каде се трага по непознатиот сторител. Тоневски веќе остварил средби со сопствениците на отруените миленици и апелираше до граѓаните на смиреност и воздржаност од инциденти. „Ние како институција ги повикавме оштетените луѓе на разговор. Ги информиравме претставниците на МВР и истрагата е во тек. Апелирам до сите да се воздржат од какви било инциденти, бидејќи Општината има план како систематски да го реши проблемот со бездомните…

Повеќе

Легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, во искрено навраќање кон минатото, ја сподели својата најголема животна болка – загубата на мајка си пред точно 50 години. Пејачот признава дека успехот и славата имале превисока цена, која ја платил со отсуство во најтешките моменти за неговото семејство. Илиќ се присети на моментот кога, како 25-годишно момче во подем, се вратил од турнеја во Бугарија само за да сфати дека часовите на неговата мајка се избројани. „Никогаш не ми било потешко. Ги проколнував парите, турнеите, кариерата, песната… Се чувствував како музиката да ми ги украла последните денови што требаше да ги поминам…

Повеќе

Силно невреме проследено со оркански ветрови и снег ја парализираше Хрватска. Најкритично е во Риека, каде силните налети на бурата буквално оддуваа огромен бродски контејнер во морето. Драмата во пристаништето дополнително се заостри откако две лица беа повредени во близина на центарот во Пеќине и итно пренесени во болница. Властите го активираа системот за предупредување SRUUK, испраќајќи пораки на мобилните телефони на граѓаните за „значително опасно време“. За регионите на Истра, Кварнер и Госпиќ е на сила највисокиот, црвен степен на предупредување. „Најавеното влошување на времето создаде сериозни тешкотии во сообраќајот – и на море и на копно. Властите апелираат…

Повеќе