Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврди дека за случајот во Ново Село станува збор за осудувани лица

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврди дека за случајот во Ново Село станува збор за осудувани лица

    08.08.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение објави реакција на изјавата на Христијан Ефтимов од СДММ, оценувајќи дека опозициската партија покажува целосна дезориентираност во врска со инцидентот во Ново Село.

    Од владејачката партија тврдат дека со денешните обраќања практично се потврдени нивните претходно изнесени информации за прекршочните и кривичните досиеја на учесниците.

    „СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик“, се вели во соопштението.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, изнесените информации во јавноста ги потврдуваат нивните наводи за изречените судски мерки.

    „Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во реакцијата дополнително се упатуваат остри критики до раководството на опозициската партија.

    „Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија“, стои во партиското соопштение.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.