Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил

    Нови детали за трагедијата во Радишани: За да избегне судир со возило што му го пресекло патот, мотоциклист преминал во спротивната лента и удрил во друг автомобил

    09.08.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

    За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

    Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

    Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

    Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.