Author: Author 04

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос. Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното одделение во Битола. Од АХВ информираат дека се земени мостри од храната, како и брисеви од вработените и работните површини. „Во согласност со Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е привремено…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на состојбата со цените, нивниот раст и економската криза која се чувствува кај граѓаните. Тој посочи дека цените на основните прехранбени производи, вклучувајќи деривати, значително пораснале и дека тоа директно влијае врз секојдневната потрошувачка и семејните буџети, предизвикувајќи сериозни последици врз економската состојба на населението. Во продолжение претставуваме интегрален текст од прашањето: Во однос на првото прашање сакам да поставам и да кажам неколку збора во однос на состојбата која е моментална со цените, со растот на…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати сериозни обвинувања до лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче, тврдејќи дека партијата се води по насоки на поранешниот премиер Зоран Заев и неговите соработници Башановиќ и Шчекиќ. Според Манасиевски, молкот за наводните средби во Ниш и Грција е доказ дека Филипче е само „чувар на фотелјата“ на Заев. „За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ. Чуварот на фотелјата Заев, Венко Филипче ја фрла СДС во бунар без дно, слушајќи ги советите на екс советникот на Заев во владата, Башановиќ и…

Повеќе

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беа теми на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој за прв пат се одржува во Брисел. Во своето воведно обраќање, министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и…

Повеќе

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот изнесуваше 3 милијарди денари. Половина од овој износ државата ќе го врати во текот на овој месец, а другата половина од износот во март 2027 година. „Министерството за финансии врз основа на задолжение од Владата спроведе транспарентна и инклузивна постапка низ која се утврди модалитетот…

Повеќе

Силно снежно невреме утрово започна на територијата на Балканот, а според најавите на метеоролозите, истото допрва ќе се проширува во регионот. Првите видео записи од невремето пристигнаа од Хрватска, поточно од превоите во Горски Котар, каде снежните врнежи веќе го отежнуваат сообраќајот. Метео прогнозерот Славчо Попоски предупредува дека бранот на снежни врнежи е во полн замав. „Започна силната снежна бура на Балканот и таа допрва ќе се проширува, видео камерите доаѓаат од Горски Котар во Хрватска“, објави Попоски. На снимките од сообраќајните камери во соседството се гледа интензивен снег и намалена видливост.

Повеќе

Утринското тргување на светските берзи минува во знак на зголемена нестабилност. Цената на нафтата „Брент“ повторно ја проби границата од 105 долари за барел, додека европските берзански индекси бележат пад, како директна последица на нејасните сигнали за мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Според официјалните податоци, суровата нафта утрово поскапе за 2,82 проценти и се тргува по цена од 92,843 долари за барел, додека нафтата „Брент“ бележи раст од 2,88 проценти, достигнувајќи 105,138 долари. Пазарните аналитичари укажуваат на збунетост кај инвеститорите поради спротивставените ставови на двете страни. Додека САД тврдат дека се разгледува нов мировен план, иранскиот министер за надворешни…

Повеќе