Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Професорката Лепиткова: Одржливото рударство не е закана, туку обврска засекој нов проект

    Професорката Лепиткова: Одржливото рударство не е закана, туку обврска засекој нов проект

    06.08.2026 во 10:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Современите рударски проекти мора да обезбедат високо ниво на заштита на животната средина, а државата треба внимателно да го следи нивното работење, смета претседателката на Македонското геолошко друштво, професорката Соња Лепиткова.

    Според неа, Македонија треба да ги препознае сопствените минерални потенцијали и да ги стави во функција на економскиот развој, но исклучиво преку одржливо користење на природните ресурси. Говорејќи за Иловица, таа истакна дека станува збор за одамна истражено наоѓалиште и дека стручната јавност не се противи на проекти кои применуваат современи технологии и ги исполнуваат еколошките стандарди.

    „Македонија треба да направи листа на целосно истражени потенцијални наоѓалишта, на делумно истражени и на тие коишто се потенцијални во фаза на понатамошно истражување и така да ја движи политиката. Тие коишто се целосно истражени, со потврдени резерви, не само на руда туку и на метали кои можат да се издвојат и да имаат економска вредност која е огромна за државата – еден од тие рудници е и рудникот во Иловица“, истакна Лепиткова во гостување во Канал 5 ТВ. 

    Професорката додаде дека стручните кадри ги следат технологиите и тие мора да инсистираат на нивна примена во новите рудници, како и на сите предвидени фази, елаборати, студии за оцена на влијание врз животна средина, во кои јавноста треба да има максимална вклученост.

    „Стручната јавност нема отпор за ова и гледате дека немаме ниту еден експерт, којшто е од било која техничка струка, па и економска струка, да каже „ова не смее да се случува, апсолутно се треба да се затвори“, бидејќи ние имаме историјат во оваа област. Ние како Македонија, во историјата сме познати како рударска нација, односно како рударски простор“, истакна Лепиткова.

    Таа оцени дека кај дел од активистите против рудници постои „целосна исклучивост“ и тие воопшто не сакале да чујат ниту еден аргумент во конструктивна расправа, туку споделуваат лични видувања, а можеби имаат и личен бенефит или пак некој ги поттикнува. 

    „Кај граѓаните стравот е нешто што треба да се објасни и да се работи заедно со нив. Секој рудник е приказна за себе и секое подрачје има своја специфика. Стручната јавност е таа на којашто треба да и се верува и таа треба на ист начин да пристапи во аспектот на отворање на еден рудник – да се запазат максимално еколошките стандарди, да се управува вистински со отпадот, со отпадните води, да се применат најсовремените технологии и државата да прави континуиран мониторинг“, појасни професорката.

    Лепиткова повика да се даде шанса „работите да тргнат“, па да се направи оцена како ќе се развиваат, а во меѓувреме, државата апсолутно да ги контролира состојбите. Таа укажа дека во светската и европската политика ако за нешто постои глад во моментов, тоа е гладот за метали.

    „Земјите од регионот забрзано се движат и во истражувањата во Европа и во отворањето на рудници. Полска инвестира неколку милијарди во истражувања. Тоа го прави и Србија максимално. Грција отвори два рудника, сега е во фаза на припрема за отворање на трет, коишто се наоѓаат многу блиску до самото море. Бугарија исто така се спрема за нови рудници. Шпанија веќе отвора рудници на многу почувствителни минерални содржини од нашите – бакар, злато и сребро, туку отвора рудници на ниодиум и на тантал, кои се исклучително применливи метали во електрониката.

    Македонија не треба да заостанува. Ние треба да тргнеме да бидеме малку похрабри како држава, да веруваме на институциите, да веруваме на експертите и меѓусебно да се почитуваме“, потенцира професорката.

    Лепиткова заклучи дека ако до пред неколку години во Европа не постоела политика за отворање на нови рудници, денес таа политика е апсолутно сменета и листата на критични минерали само се зголемува.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.