- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Собранието работи максимално експедитивно на реформската агенда и досега нема застој во гласањето на законите што пристигнуваат во архивата, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши. Според него, брзината на процесот зависи од капацитетите на министерствата и комуникацијата со Европската комисија. „Собранието работи експресно на реформската агенда. Процесот е посложен бидејќи министерствата ги изготвуваат законите, ги праќаат во ЕК на сугестии, па ги инкорпорираат забелешките пред да стигнат кај нас. Штом ќе се достават во Собранието, ние ги решаваме многу ефикасно“, изјави Гаши. Тој додаде дека веќе се пристигнати два клучни закона – за Јавни обвинители…
Танкер за сурова нафта во сопственост на компанија од Истанбул бил цел на напад со морски и воздушен дрон рано утрово во водите на Црното Море. Инцидентот се случил на околу 14 наутички милји од Босфорот, при што бродот претрпел сериозни оштетувања. Според информациите објавени во турските медиуми, танкерот „Алтура“ на компанијата „Пергамон Шипинг“ превезувал речиси 140.000 тони нафта од рускиот град Новоросијск. Околу 00:30 часот по локално време, екипажот испратил сигнал за помош откако машинската просторија почнала да се полни со вода како последица на нападот. На повикот за помош одговориле три бродови на турската крајбрежна стража и едно…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ја отвори големата регионална конференција во Скопје посветена на интернационализацијата на високото образование на Западен Балкан. Таа порача дека во време на глобални промени, квалитетното образование е клучниот столб за отпорноста на македонската економија. „Високото образование треба да обезбеди нашите општества да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување. Вакви универзитети се цел на сите нас во регионот“, истакна Јаневска. Министерката во својот говор посебно се осврна на проблемот со иселувањето на кадрите, нагласувајќи дека мобилноста не смее да значи дефинитивно заминување. Според…
Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата на македонската Национална галерија „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели. Во присуство на македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски и бројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни Загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, универзитетски професори, како и претставници на државната и локалната власт во Република Хрватска, изложбата ја отвори претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, која беше во официјална посета на Хрватска. „Преку специфичниот визуелен јазик и концептуален пристап, Вангели уште еднаш потврдува дека македонската културна…
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10%. „Нашата Влада и нашата држава овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаме начин и се однесуваме соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во коишто директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост…
Бугарските погранични и ветеринарни служби се соочуваат со необичен случај откако шест волови ја преминаа државната граница од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево. Животните во моментов се заловени и сместени во привремен објект на општината, додека надлежните комисија не донесат одлука за нивната понатамошна судбина. Животните прва ги забележала градоначалничката на селото Ѓуешево, Татјана Георгиева, која веднаш го пријавила случајот во Општината. По нивното заловување, вклучени се Регионалната комисија за контрола на храната, како и граничните и општинските власти за да го решат проблемот согласно прописите. Како што јавува „БНР.бг“, случајот потсетува на познатата крава Пенка, која пред…
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 33 километри северозападно од Прато. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. „Се тресеше неколку секунди“, велат граѓаните на платформата на EMSC. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Околу 2.000 бродови со вкупно 20.000 морнари во моментов се блокирани во Ормуската Теснина без можност да испловат. Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез, алармира дека состојбата станува критична поради исцрпување на залихите и зголемениот стрес кај екипажите. „Се разбира, колку подолго тие бродови остануваат таму, толку подолго екипажите продолжуваат да страдаат од стрес, ментално и од замор, како и од намалување на сите резерви што им се потребни за бродовите да продолжат да функционираат“, изјави Домингез. Тој појасни дека осигурителните компании одбиваат да ги покријат загубите, наплаќајќи екстремно високи премии или целосно откажувајќи ги договорите. Според…
Ѕвездите денеска најавуваат ден исполнет со позитивна енергија и желба за напредок. Спојот на Месечината и Јупитер во знакот на Рак отвора нови перспективи, особено во делот на семејството, кариерата и личниот развој. Овен – Вашиот фокус денеска е домот. Можен е важен разговор со блиските кој ќе донесе долгорочна стабилност. Бик – Одличен ден за комуникација. Идеја која претходно сте ја запоставиле, денес повторно станува актуелна и ве мотивира. Близнаци – Размислувате за финансиите. Спојот на планетите ви носи оптимистичен поглед на заработката и ресурсите. Рак – Вие сте во центарот на вниманието. Енергијата во вашиот знак ви ја…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку скопски населби денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија. Екипите на „Електродистрибуција“ ќе работат на терен во Кисела Вода, Волково и Карпош. Според најавите, најмногу прекини се очекуваат во општина Кисела Вода: Во општина Ѓорче Петров, без струја ќе бидат жителите на Волково, поточно дел од корисниците на ул. „101“, во терминот од 09:00 до 14:00 часот. Во општина Карпош, прекин е планиран на дел од ул. „Девол“, каде интервенцијата ќе трае од 11:00 до 14:30 часот.
