Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Пратеник и возач на градоначалник се меѓу напаѓачите во Ново Село, Обвинителството свесно одбива да реагира

    Штерјова: Пратеник и возач на градоначалник се меѓу напаѓачите во Ново Село, Обвинителството свесно одбива да реагира

    09.08.2026 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност и Јавното обвинителство е должно да постапи веднаш, но наместо тоа одлучи да молчи, обвинуваат од опозициската СДСМ.

    Кети Штерјова од СДСМ на денешната прес-конференција истакна дека иако има јавни изјави и познати имиња, реакција од правосудните органи сè уште нема.

    „Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е добро да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон. Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може“, изјави Штерјова.

    Од партијата посочуваат дека од групата што учествувала во инцидентот веќе се познати барем две лица.

    „Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца: • Петар Марков – пратеник на ВМРО • Наско Димитриев – член на ВМРО и возач на градоначалникот. Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО. А Обвинителството сè уште „не знае“ кој ги нападна младите“, додаде Штерјова.

    Според СДСМ, ваквото постапување претставува селективно делење на правдата и заштита на лица од владејачката структура.

    „Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура. Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците – без одговорност. Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни“, заклучи Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.