Вчера во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу две групи, при што бил употребен и нож. Притоа, со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од с.Камењане.
По преземени мерки на 08.08.2026 во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово од солбода е лишен од слобода А.Р.(20), додека во 01:30 часот во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од с.Ново Село и А.Б.(23) од с. Горно Палчиште. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица и се работи на идентификување на други лица учесници во овој настан.
Увид на место извршила екипа од СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
- Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено
- Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
- Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
- Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
- Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
- (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
- Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
- Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата

