Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за метеж – Посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Јанчев: Пожарот на „Мелци“ е напад врз градот, има индиции дека е подметнат
    • Богата програма во Скопје: Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“
    • ЦУК со пресек: Каква е состојбата со пожарите низ Македонија
    • Ќе нема струја со часови – Оваа среда најавени исклучувања низ Скопје
    • Цвеќе и свеченост за роденденот на Мајка Тереза – Одбележување во срцето на Скопје
    • Инвестиција од 222 милиони евра – Старт на изградбата на автопатот Скопје-Блаце
    • Собранието со полни раце работа: Антикорупција, инвестиции и буџет на дневен ред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост

    Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост

    05.08.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати критики до опозициската СДС и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за обид за собирање евтини политички поени на темата со водата за пиење во Гостивар.

    Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција истакна дека опозицијата со години молчела за истите проблеми додека била на власт.

    • „СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк“, изјави Манасиевски.

    Тој јавно побара одговори од лидерот на опозицијата на три клучни прашања поврзани со минатото управување со институциите.

    • „СДС и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања: Зошто не ги известиле граѓаните за наодите? Колку од тие случаи биле целосно отстранети? И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале?“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата порачаа дека поранешните функционери не можат да се амнестираат од одговорноста за затекнатата состојба во водоснабдувањето.

    • „Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДС и Филипче треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце“, заклучи Манасиевски.
    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.