Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар.

    Во состав на делегацијата беа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, како и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Тие положија свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево.

    Во своето обраќање, Андоновски истакна дека Илинден е трајна обврска за сите генерации.

    „Постојат датуми што ги паметиме и постојат датуми што нè обликуваат како народ. Илинден е токму таков ден. Не затоа што му припаѓа само на минатото, туку затоа што секоја генерација повторно го открива неговото значење. Илинден е вредносен систем: непокор, слобода и иднина“, порача Андоновски.

    Тој нагласи дека во Смилево историјата е вградена во местото и луѓето.

    „Историјата не ја создаваат само победите. Ја создаваат и луѓето кои имале храброст да станат кога било најтешко. Илинденското востание не успеа да ја донесе слободата веднаш. Но успеа да направи нешто многу поголемо – да создаде народ кој никогаш повеќе немаше да се помири со неслободата“, истакна министерот.

    Говорејќи за историскиот континуитет до АСНОМ и независна Македонија, тој посочи на одговорноста на денешното време.

    „Затоа Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери како се однесуваме кога времињата стануваат тешки. И токму затоа денес сме овде. Со почит да се потсетиме на 1903 година и, уште поважно, длабоко да им се поклониме на луѓето што покажаа што значи непокор. Илинденците не ни оставија слободна држава, но ни оставија насока до неа. Не ни оставија готова иднина. Ни оставија обврска да ја создадеме. Тоа е суштинската разлика. Историјата не е нешто што се наследува, туку нешто што секоја генерација повторно го заслужува“, порача Андоновски.

    Според него, денешните предизвици се водат во институциите, училниците и компаниите, со цел младите да останат во земјата.

    „Денес, овде во Смилево, не се поклонува само една генерација пред друга. Една генерација презема обврска пред следната, да ја зачува Македонија, да ја развива и да ја направи посилна отколку што ја наследила. Тоа е најголемата почит што можеме да им ја оддадеме на илинденците. Не само да ги паметиме, туку да бидеме достојни за нив“, рече тој.

    На крајот, Андоновски упати порака за зачувување на темелните вредности.

    „Непокор – да не се откажуваме. Слобода – да ја чуваме. Иднина – да ја изградиме. Нека е вечен Илинден. Нека ни е вечен непокорот. Нека ни е вечна слободата. И нека ни биде достојна иднината што заедно ќе ја изградиме. Нека е вечна Македонија“, заклучи Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.