- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Русија изврши еден од најголемите воздушни напади од почетокот на инвазијата, лансирајќи речиси илјада беспилотни летала во рок од 24 часа. Како што пренесува „Киев Индепендент“, нападот вклучувал ретка дневна фаза во која над 550 „камиказе“ дронови биле насочени кон централните и западните делови на земјата. Најтешко е погоден Лавов, каде се повредени најмалку 32 лица. Градот бил нападнат среде бел ден, при што се оштетени станбени згради во историскиот центар и областа Сихив. На удар се најде и Бернардинскиот манастир, објект од национално значење под заштита на УНЕСКО. Жителот Јарема Семанив го опиша моментот на нападот како нешто досега…
Американските акции забележаа раст во средата наутро по извештајот на „Њујорк Тајмс“ во кој се открива дека САД испратиле предлог-план од 15 точки до Иран за завршување на војната. Оваа информација веднаш се одрази на фјучерсите на главните индекси S&P 500 и Dow Jones кои пораснаа за 0,7%, додека Nasdaq зајакна за 0,9%. Истовремено, цените на нафтата забележаа пад додека инвеститорите ги проценуваат најавите за деескалација. Суровата нафта WTI падна под прагот од 90 долари, додека цената на нафтата Брент се стабилизираше на ниво од 100 долари за барел. Претходно, Трамп ги истакна „продуктивните разговори“ меѓу двете земји, што предизвика…
Соединетите Американски Држави донесоа одлука за распоредување дополнителни воени сили на Блискиот Исток, пренесуваат американските медиуми. Станува збор за припадници на елитната 82. воздушно-десантна дивизија, позната по падобрански операции со висок ризик. Според извештаите на „Sky News“ и „NBC News“, одобрението за движење на трупите било дадено во текот на ноќта. Иако првично се шпекулираше за поголема бројка, најновите информации укажуваат дека ќе бидат испратени помалку од 1.500 војници. Овој контингент ќе биде ограничен по бројност, но високо мобилен. Воените структури веќе работат на логистичка подготовка и издавање на оперативните наредби за персоналот. Трупите сè уште ја немаат напуштено американската…
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) утрово соопшти дека го започнал 80-тиот бран од операцијата „Вистинско ветување 4“. Цел на нападите се стратешки точки и воени центри на северот на Израел, американски воени бази во регионот, како и цели во Кувајт, Бахреин и Јордан. Според соопштението, последната фаза од операцијата е спроведена од воздухопловните сили на ИРГЦ, како директна поддршка на офанзивите на либанското движење Хезболах. Како што објави порталот „Прес ТВ“, нападите се насочени кон израелски воени цели и позиции на југот на Либан. Меѓу погодените локации се наведуваат Тел Авив, Кирјат Шмона и Бнеи Брак. Истовремено, ракетирани се…
Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24. „Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета. Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку сценарија заедно со меѓуресорската комисија којашто е состaвена и од претставници од Министерство за енергетика, Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за…
Според официјалните мерења на УХМР во 16:00 часот, Гевгелија денеска е најтоплиот град во Македонија со измерени 15.7 степени, додека максималната дневна температура таму достигнала 16.3 степени. Веднаш зад неа се Демир Капија и Струмица, каде граѓаните уживаа во вистинско пролетно време со околу 15 степени. Од друга страна, зимата сè уште не попушта на планините. Попова Шапка е единствената мерна станица со негативна температура од -0.6 степени во 16 часот. Температурен пресек по региони (мерења во 16:00ч): Град / ЛокацијаТековна (°C)Максимална (°C)Гевгелија15.716.3Демир Капија14.715.0Велес13.814.8Штип13.113.6Битола9.59.8Охрид (Претор)8.210.4Берово8.38.6Попова Шапка-0.6
Метеопрогнозерот Славчо Попоски предупредува на драстична промена на временските услови на самиот крај на овој месец и почетокот на април. Според најновите прогностички модели, Македонија ја очекува студен бран кој по својот интензитет би можел да го засени и изминатиот јануари. Попоски најавува екстремно ниски температури кои не се вообичаени за овој период од годината, што ќе донесе вистински зимски амбиент среде пролет. „И јануари има да подзавиди на тоа што се црта на прогностичките модели на крајот од овој и во почетокот на месец април, голема катастрофа за овошките кои се во фаза на цветање“, најавува Попоски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата. Воедно, министерот Муцунски оствари и конструктивни средби со пратеници во Европскиот парламент – Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева. На средбите стана збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси…
Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот посочи дека БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила. „Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како…
