Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » GM955 ќе ги минува завршните тестирања во TÜV SÜD Минхен

    GM955 ќе ги минува завршните тестирања во TÜV SÜD Минхен

    01.08.2026 во 11:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD.

    Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во соработка со Parker, како и нов систем за управување со две или четири тркала, во зависност од работните услови. Во кабината, досегашната контролна конзола е заменета со централен екран со интегрирани команди, што овозможува поедноставно и поинтуитивно управување.

    Минатата недела експерти од TÜV SÜD Германија престојуваа во производствените капацитети на Грин Машинс во БРАКО во Велес, каде што беа спроведени проверки на усогласеноста на возилото со германската регулатива StVZO, ЕУ Директивата за машини 2006/42/EC и барањата во рамките на постапката за оцена на сообразност.

    Следната фаза ќе се одвива директно во Минхен, каде што GM 955 ќе биде подложен на тестирање на електромагнетната компатибилност согласно ECE Regulation No. 10. Со тестирањето се проверува дали електричните и електронските системи на возилото функционираат сигурно, без да создаваат недозволени електромагнетни пречки и без нивната работа да биде нарушена од надворешни електромагнетни влијанија.

    Фактот што возилата произведени од Green Machines во Велес се тестираат и минуваат низ постапките за хомологација директно во TÜV SÜD во Минхен, во систем во кој се тестираат и оценуваат возила на водечки светски автомобилски производители, е значајна потврда за инженерскиот развој и квалитетот на возилата што се произведуваат во Велес.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.