Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Ново Село: Власта се пресметува со децата кои ја говореа вистината за водата

    Филипче од Ново Село: Власта се пресметува со децата кои ја говореа вистината за водата

    06.08.2026 во 16:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО. Филипче во изјавата нагласи дека младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи.

    „Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината“, рече Филипче.

    Во изјавата, Филипче упати порака дека децата не се сами, а инцидентот е показател дека власта е исплашена.

    „Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ни утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа“, рече Филипче.

    Воедно, Филипче побара итна истрага и реакција од Министерството за внатрешни работи и  од Јавното обвинителство. 

    „Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.