Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гори во Македонски Брод и Гостивар – ЦУК со најнови детали

    Гори во Македонски Брод и Гостивар – ЦУК со најнови детали

    06.08.2026 во 13:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Активни жаришта во моментов има на територијата на општина Македонски Брод и општина Гостивар.

    Во Македонски Брод се интервенира кај селото Грешница, на местото викано Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

    Вториот активен пожар е во Гостивар, во близина на селото Падалиште, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.

    Пожарот во Општина Делчево, кој избувна кај градската депонија, е целосно ставен под контрола од страна на пожарникарите.

    Според информациите од ЦУК, успешно се изгаснати пет пожари на неколку локации низ земјава.

    Пожарникарите ги ликвидираа пожарите во Општина Струга кај селото Долна Белица каде гореше дива депонија, во Општина Босилово кај селото Моноспитово каде гореше ниска вегетација, како и во Општина Валандово кај селото Севенендекли каде беше зафатена мешана шума.

    Изгаснати се и пожарите во Општина Гевгелија помеѓу селата Селемли и Стојаково каде исто така гореше дива депонија, како и во Општина Гази Баба покрај железничката пруга во населбата Маџари, каде гореше ниска вегетација.

    Прочитај повеќе

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.