- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
- Прекин од 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
- Градинка за секое дете – Конференција во Скопје
- Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје
- Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК
Author: Author 04
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, седум од нив возеле без дозвола, а тројца со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, тројца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Три лица од Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Тетово, Гостивар, Куманово и Делчево. Двајца во Кичево и еден во Ресен управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана.…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предизвика земјотрес во светската дипломатија, тврдејќи дека Техеран е подготвен да го предаде својот нуклеарен материјал на САД. Во изјава која ги подгреа надежите за смирување на тензиите на Блискиот Исток, Трамп истакна дека целта е целосна елиминација на секаква можност за нуклеарно оружје во регионот. „Не сакаме нуклеарно оружје таму. Сакаме нуклеарна прашина – тоа е она што го бараме и мислам дека ќе го добиеме. Веќе се согласивме за тоа“, порача Трамп, користејќи го својот специфичен термин за нуклеарниот материјал. Според него, овој историски договор нема да биде добар само за САД и…
Вчера во 20:45 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.В.(27) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што со тврди предмети оштетил службена табла на Фондот за здравствено осигурување и прозорци од службените просториите на фондот. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески. Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св.…
РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари.Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово. Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите. По преземени мерки, возачот бил запрен на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин. Во моментот на запирањето, Р.П. физички нападнал полициски службеник и му нанел тешка телесна повреда.
Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов – Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото „бмв“ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р. , констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на оштетениот, таа противправно ги присвоила. На 18.11.2025, оштетениот повторно отишол во банката и по средба со овластено лице на филијалата истиот ден му биле вратени дел од парите.…
Ноќеска во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода С.М.(36) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди. Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Известен бил јавен обвинител, а С.М. бил пренесен во Општа болница Кавадарци. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово ја официјализираше најавата за првата голема реконструкција на владиниот кабинет, планирана за мај или јуни годинава. Иако не прецизираше имиња, премиерот потврди дека коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ веќе имаат принципиелен договор за освежување на редовите. На новинарско прашање дали фотографијата на министерот Фатмир Лимани со Али Ахмети ќе биде причина за негово разрешување, Мицкоски остана доследен дека сите прашања ќе се решаваат „на маса“. „Во мај или јуни ќе ги ставиме сите прашања на маса. Тогаш ќе се знае дали некој министер ќе замине или ќе премине во друг ресор. Како коалиција…
