Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за сабота
    • Меџити: Се продлабочува соработката со САД, албанската дијаспора има голем потенцијал
    • На едно место 4, на друго 20 степени: Температурите низ Македонија во моментов
    • Македонската полиција расчистува повеќе кражби: Осомничените ги признале делата
    • Вајц: Природните убавини на Македонија се и голема економска можност
    • Полицијата влезе во Тетово, уапсени две лица
    • Инспектори на терен низ Македонија, АХВ со шок-бројки: 200 кила сладолед заврши во отпад
    • Исчистена уште една критична точка во Скопје: Отстранет руиниран објект во Маџир Маало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонреден инспекциски надзор во Злокуќани: Откриени дивоградби и исчистен кабаст отпад

    Вонреден инспекциски надзор во Злокуќани: Откриени дивоградби и исчистен кабаст отпад

    05.08.2026 во 15:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници од Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во урбаната заедница Злокуќани.

    Главниот фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел од општината.

    За време на теренскиот увид, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности кај повеќе бесправно изградени објекти. За констатираните прекршоци веќе е започната соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности.

    Паралелно со градежните контроли, општинскиот комунален инспектор работеше на терен во координација со службите за одржување на јавната хигиена. Со употреба на соодветна механизација беше отстранет кабаст отпад од јавните површини по должината на улицата „Скупи“, како и во внатрешноста на населбата.

    Во рамки на акцијата беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.

    Инспекциските служби искористија можност и да остварат директен разговор со жителите на Злокуќани за комуналните проблеми и предизвици со кои се соочуваат.

    Од Општина Карпош информираат дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно.

    Заедничките акции на Инспекторатот и полицијата ќе бидат дополнително засилени во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во Злокуќани.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за сабота

    25.09.2026 во 11:38

    Меџити: Се продлабочува соработката со САД, албанската дијаспора има голем потенцијал

    25.09.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.