- Трамп од Самитот на Г-7: Кина остана целосно неутрална, Русија не се вмеша
- НБРМ: Повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци се во готовина
- Горештини уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите
- МВР направи претрес: Најдени пиштоли, пушки и бомби
- Заврши броењето на гласовите во Косово: Самоопределување обезбеди 53 пратенички места
- Поставени нови лулашки, лизгалки и урбана опрема во Општина Илинден
- Божиновска: Македонскиот рубин е заштитен, продолжуваме со мермерот
- ВИДЕО: Со виљушкар откорнаа банкомат и избегаа за неколку минути
Author: Author 04
Вчера во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал. – Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Тетово Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (24 март 2026) без струја ќе останат корисници во следните скопски општини и населени места: Општина Карпош: Општина Сопиште (Долно Соње):
Светот е згрозен од новообјавените снимки од застрашувачката несреќа во Бразил, кои ја прикажуваат целата суровост на падот на мостот „Жуселино Кубичек“. На видеото од автомобилска камера се гледа како вообичаениот сообраќај во секунда се претвора во пекол – мостот буквално исчезнува под тркалата, повлекувајќи со себе 14 животи во речната бездна. Снимката е објавена од адвокатите на семејствата на жртвите, како последен обид да се избори правда за трагедијата од крајот на 2024 година. „На видеото се гледа најстрашниот момент – мотоциклист кој едноставно лета во амбисот додека асфалтот под него се распаѓа. Од 18 лица кои се нашле…
Утрово во 07:00 часот, транспортерите во Босна и Херцеговина ги исполнија своите закани и започнаа со блокада на товарниот сообраќај на повеќе гранични премини. Најкритична е состојбата на преминот Свилај, каде веќе е формирана колона од камиони долга околу 1,5 километри. Иако патничките возила засега поминуваат, движењето на стоки е во целосен прекин. Превозниците се децидни – нема да се повлечат додека не се реши проблемот со ограничувањето на нивниот престој во Шенген зоната, што директно го загрозува нивниот опстанок. „Принудени сме на овој чекор. Не можеме да работиме со правила кои не третираат како туристи во Шенген зоната, иако…
Главниот град на Албанија синоќа беше сцена на вистинска војна меѓу приврзаниците на опозициската Демократска партија и полициските сили. За време на тричасовниот протест предводен од Сали Бериша, демонстрантите фрлаа молотови коктели врз кабинетот на премиерот Еди Рама, Министерството за внатрешни работи и седиштето на социјалистите. Билансот од немирите е сериозен – шест полицајци се хоспитализирани со изгореници од пиротехнички средства, додека 14 лица се приведени. „Ова е неприфатливо насилство врз униформирани лица. Користењето молотови коктели против оние кои го гарантираат редот е кривично дело“, изјави министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при посетата на повредените во болницата за трауматологија.…
Хрватска се соочува со сериозен недостиг на гориво кој почна да ги затвора бензинските станици ширум земјата. Најкритична е состојбата во помалите места како Удбина, каде едната пумпа е веќе под клуч со „завиткани диспензери во пластика“, додека таа на ИНА работи само до 13 часот. Локалното население е во паника бидејќи најблиските активни пумпи се оддалечени со десетици километри. „Не е добро, најблиската пумпа ни е во Грачац. Тешко е, навистина тешко, полниме каде што ќе стигнеме“, се жалат анкетираните граѓани за хрватските медиуми. Од ИНА велат дека ја следат ситуацијата, но засега немаат планови за продолжување на работното…
Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата
Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на системот, кое го добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти,…
Драма на естрадата: Сите се молат за Зорица Брунцлик – нејзината здравствена состојба е загрижувачка
Познатата пејачка Станојка Митровиќ Ќана ги вознемири фановите со својата последна изјава во која открива дека здравствената состојба на нејзината колешка Зорица Брунцлик е сериозна тема во естрадните кругови. Ќана призна дека веќе две недели стигнуваат загрижувачки информации за легендарната пејачка. Иако не се во секојдневни приватни контакти, Ќана истакна дека сочувствува со Зорица бидејќи и самата поминала низ тежок период во минатото. „Се молам на Бога сè да испадне добро. Имам огромна почит кон неа, таа е врвна пејачка со безвременски песни. Едноставно не можам повеќе да поднесам колку лоши работи се случуваат на сцената во последно време“, изјави…
СДС да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДС не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси. Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. „Јавноста има право да знае дали Башановиќ бил инволвиран во бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали постојат врски со компании кои добивале значајни државни договори. Дали компанијата на Колашинац…
Куба се соочува со една од најтешките енергетски кризи во својата модерна историја, откако синоќа по седми пат во изминатата година и половина дојде до „целосен колапс“ на националната мрежа. Речиси 10 милиони жители на островот останаа во мрак по дефектот во термоцентралата „Нуевитас“, кој предизвика домино ефект низ целата земја. Иако властите во Хавана соопштија дека започнал бавен процес на враќање на напонот во делови од главниот град, ситуацијата останува критична. „Енергетскиот сектор се потпира на осум застарени термоцентрали стари преку 40 години кои постојано се расипуваат. Официјална Хавана директно го обвинува Вашингтон дека со нафтеното ембарго свесно го…
