Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески. Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св.…

Повеќе

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари.Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм

Повеќе

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово. Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите. По преземени мерки, возачот бил запрен на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин. Во моментот на запирањето, Р.П. физички нападнал полициски службеник и му нанел тешка телесна повреда.

Повеќе

Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов – Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото „бмв“ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р. , констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на оштетениот, таа противправно ги присвоила. На 18.11.2025, оштетениот повторно отишол во банката и по средба со овластено лице на филијалата истиот ден му биле вратени дел од парите.…

Повеќе

Ноќеска во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода С.М.(36) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди. Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Известен бил јавен обвинител, а С.М. бил пренесен во Општа болница Кавадарци. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово ја официјализираше најавата за првата голема реконструкција на владиниот кабинет, планирана за мај или јуни годинава. Иако не прецизираше имиња, премиерот потврди дека коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ веќе имаат принципиелен договор за освежување на редовите. На новинарско прашање дали фотографијата на министерот Фатмир Лимани со Али Ахмети ќе биде причина за негово разрешување, Мицкоски остана доследен дека сите прашања ќе се решаваат „на маса“. „Во мај или јуни ќе ги ставиме сите прашања на маса. Тогаш ќе се знае дали некој министер ќе замине или ќе премине во друг ресор. Како коалиција…

Повеќе

Измената што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика не е само техничка корекција на правилник, туку признание дека неделниот модел веќе не е доволен кога државата среде ценовен шок интервенира со даноци. Со новиот правилник од 23 март, РКЕ ја усогласи формулата со намалениот ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, но уште поважно, внесе и нова можност: меѓу две редовни седници да може да се свика вонредна седница и да се донесе нова одлука за цените ако се сменат даноци, такси или надоместоци што влегуваат во пресметката. Ова е второ отворање на истиот правилник за неполни три…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово порача дека граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни, бидејќи Владата презема „робусни“ мерки за заштита на стандардот. Со одлуката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, цените на бензинските пумпи се намалени за дополнителни 6,5 до 7 денари по литар, што носи дневна заштеда од над 200.000 евра за македонските семејства. Мицкоски потенцираше дека доколку се интервенираше само во акцизите, намалувањето ќе беше незначително, па затоа е избрана оваа посилна интервенција директно преку буџетот. „Ние сме една од ретките влади во Европа која директно од буџетот го поддржува стандартот на…

Повеќе

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска испрати силна порака за инклузивност и емпатија од Скопската зоолошка градина. Заедно со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, беа засадени дрвца како симбол на раст, надеж и свет во кој секое дете има право да биде прифатено и сакано. Ѓорѓиевски истакна дека грижата за еднакви можности не е само еднодневен настан, туку секојдневна борба за похумано општество. „Секое дрво што го засадивме денес е моќна порака дека градењето заедница значи да оставиме простор за сите. Инклузивноста значи отворени врати и искрена поддршка во…

Повеќе