Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Водата за пиење во повеќе градови и села не е безбедна, бараме итна одговорност и санирање на состојбата

    СДСМ: Водата за пиење во повеќе градови и села не е безбедна, бараме итна одговорност и санирање на состојбата

    01.08.2026 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна, велат од СДСМ.

    „Листата на градови и населени места расте секој ден.

    Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. 

    Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска.

    Општина Кичево: Селски водовод Гарани, патна чешма во Другово, јавна чешма „Бела Кула“, селски водовод Стрелци, Шутово, Премка.

    Реките Лепенец и Вардар – побелени од хемикалии.

    Пола Македонија останува без безбедна вода за пиење.

    Во Гостивар епидемија на жолтица.

    А одговорен сè уште нема. Ниту еден.

    Граѓаните се трујат. Институциите молчат или доцнат со реакција.

    А премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски продолжуваат со приказни, додека народот пие вода опасна по здравјето.

    Ова е системски колапс.

    Ова е резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.

    Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции,

    илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик.

    Бараме:

    • Итна и целосна одговорност – политичка и кривична

    • Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето

    • Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населби

    • Прекин со пропагандата и конечно ставање на здравјето на граѓаните на прво место

    Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење е луксуз.

    Доста беше труење. Доста беше молк“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.