Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Цените се контролираат, есенва следуваат десеткратно повисоки казни за нефер трговски практики

    Ристески: Цените се контролираат, есенва следуваат десеткратно повисоки казни за нефер трговски практики

    06.08.2026 во 13:304 Mins Read
    Actors across the food system – policy makers in all sectors, food producers and suppliers – typically do not account for the nutritional needs of children and adolescents when determining nationwide food and agriculture policies on what foods to grow, produce, distribute, and sell. Processed, less nutritious foods are skillfully marketed and widely available and affordable, while nutritious foods are often more expensive and unaffordable to many. The food environment often does not favor a nutritious diet for children and adolescents, nor is it supported to do so.
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инфлацијата и цените на производите во земјава се под контрола и засега нема потреба од нови мерки, оцени заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој посочи дека Владата ги намалила акцизата и ДДВ-то за горивата, а фокусот е цената на дизелот да остане пониска од соседните земји во регионот.

    Ристески нагласи дека за секоја следна чекор се потребни детални анализи со цел да се заштити куповната моќ на граѓаните.

    „Ние гледаме тоа ниво на цената на горивата да го одржиме пониско во однос на соседните држави и да не предизвикаме еден импут кој би бил галопирачки во однос на зголемувањето на цените на другите производи, конкретно, прехранбените производи. Доколку има потреба за одредени мерки, ние имаме законски можности тоа да го направиме во иднина како предлог на Министерството за економија и труд или како предлог на Владата исто како и досега што се грижевме за животниот стандард на граѓаните со одредени мерки. Но, да повторам: мерките треба добро да бидат анализирани, добро размислени, да не предизвикаат подоцна поголема инфлација или, пак, уништување на кревката македонска економија, бидејќи Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, како што во блиското минато кога имавме слични светски економски кризи и имавме двоцифрена инфлација, галопирачки од на цените и комплетно уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните“, изјави Ристески.

    Според него, со преземените чекори за акцизите и ДДВ-то, во Македонија има најевтини нафтени деривати во регионот, што го користат и граѓани од соседните држави.

    „И во однос на основните прехранбени производи за живот на едно просечно македонско семејство имаме најниски цени во Регионот, споредено со другите држави. На таков начин сме успеале да придонесеме за заштита на животниот стандард, иако тоа не е доволно. И понатаму ќе гледаме, преку вакви мерки, доколку има потреба, и покрај воената криза, ќе настојуваме да ги задржиме цените на горивата на најниско ниво во Регионот, а исто така, и цените на основните прехранбени производи“, образложи тој.

    Според анализите на Државниот пазарен инспекторат од контролирани 700 производи, не е забележано големо зголемување на цените, додека кај сезонските земјоделски производи има намалување.

    „Минималното зголемување е предизвикано од зголемените транспортни трошоци поради поскапувањето на енергијата, односно нафтените деривати или е предизвикано од зголемување на цените на суровините и репроматеријалите кои 90 прооценти се од увоз. Анализите покажуваат дека имаме и одредено намалување на цените на сезонските земјоделски производи и овошјето. Така што, засега нема потреба од посебни мерки, освен ова намалување на акцизата, а претходно на ДДВ-то на нафтените деривати со цел да ги држиме цените на едно пониско, попристапно ниво за граѓаните, а со тоа да го заштитиме и нивниот животен стандард или куповната моќ на граѓаните“, посочи Ристески.

    Заменик-министерот најави дека за брзо време пратениците ќе ги добијат измените во Законот за нефер трговски практики, кои предвидуваат драстично зголемување на глобите.

    „По одморот, пратениците за брзо време ќе ги добијат предлозите за измените во Законот за нефер трговски практики кои ги потготвуваме во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ќе бидат известени и другите институции кои се директно или индиректно инволвирани во овој Закон, а ќе прибереме мислења и од стопанските комори и сѐ ќе направиме преку овој Закон за подолгорочно стабилизирање на цените за да не дозволиме галопирачка инфлација. Една од главните цели на овој закон е да се зголемат казнените одредби. Сега, највисоката казна е до 20 000 евра, а со измените ќе биде десеткратно зголемена. Всушност, ќе има допрецизирање на договорите со одредени членови во Законот за да нема можност за манипулации, посебно од трговците и ќе биде воведена казна за добавувачите кои ја прифаќаат таквата нефер трговија. Рокот пред Нова Година е пригоден да се донесат овие измени“, објасни Ристески.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.