Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат

    Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат

    06.08.2026 во 12:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција соопшти дека според најновите официјални податоци, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и се спушти на 58,8 проценти од БДП.

    Според изнесените податоци, тоа претставува намалување од 0,1 процентен поен во споредба со претходниот квартал од оваа година.

    „Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра“, истакна Попов.

    Тој направи споредба и со нивото на долг од претходните две години.

    „Споредено со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година имаме намалување од 2,6 процентни поени, додека пак во однос на крајот на 2025 намалување од 0,6%. Овие бројки се доказ дека јавните финансии се стабилизираат и дека државата се движи во вистинска насока“, изјави тој.

    Пратеникот посочи дека стабилноста е зачувана и покрај исплатата на претходно преземени финансиски обврски.

    „И покрај сервисирањето на значителни обврски наследени од минатото, како што е Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година, Владата успева истовремено да ја зачува финансиската стабилност, редовно да ги исполнува обврските и да инвестира во проекти од значење за граѓаните“, додаде тој.

    На крајот, Попов ја нагласи целта на задолжувањето и идната насока на владејачката партија.

    „За ВМРО-ДПМНЕ задолжувањето никогаш не е цел само по себе, затоа што важно е средствата да се вложуваат во капитални инвестиции, модерна инфраструктура, здравство, образование и проекти кои создаваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со одговорни економски политики, строга фискална дисциплина и домаќинско управување со јавните средства, со цел стабилна економија, повеќе инвестиции и подобра иднина за сите граѓани“, заклучи Попов.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.