Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    04.08.2026 во 23:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По три дена деноноќни интервенции, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

    Тој на социјалните мрежи објави фотографии од тимот пожарникари и доброволци кои изминатиот период учествуваа во справувањето со огнената стихија.

    „Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија“, напиша тој на Фејсбук.

    Јанчев упати јавна благодарност до сите кои беа вклучени во акцијата за справување со огнот.

    Меѓу нив ги посочи Противпожарните единици на Кавадарци и Неготино, ЈП „Комуналец“ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Општата болница во Кавадарци.

    Благодарност беше упатена и до Шумското стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата, ОВР Кавадарци, Граничната полиција-Југ, како и до доброволните противпожарни друштва.

    Градоначалникот им се заблагодари и на сите доброволци и жители на селата Раец и Дреново, кои на различни начини помогнаа во локализирањето и гаснењето на пожарот.

    „Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба“, посочи тој.

    Прочитај повеќе

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.