Close Menu
Press24
    Најново

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18

    Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера

    29.10.2026 во 08:17

    Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски

    29.10.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна трагедија го потресе светот: Седумметарски питон проголтал 35-годишен маж

    Страшна трагедија го потресе светот: Седумметарски питон проголтал 35-годишен маж

    30.07.2026 во 22:192 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Триесет и петгодишниот Хашим Лубеси го загуби животот во Индонезија по нападнат од питон долг околу седум метри, кој прво го задавил, а потоа целосно го проголтал.

    Инцидентот се случил во раните утрински часови на 27 јули во покраината Малуку. Додека Хашим се враќал дома во селото Гуаксакаи движејќи се низ шумата, змијата ненадејно излегла од грмушките и го зграпчила за ногата. Според информациите на порталот ladbible.com, тој претходно консумирал поголема количина алкохол.

    Питонот се завиткал околу жртвата и го стиснал до смрт, а потоа го проголтал. Неговите роднини, загрижени што тој не се вратил дома, започнале потрага по шумскиот пат.

    „На средина од патот, забележале крв на земјата, а потоа ги пронашле личните работи на жртвата, вклучувајќи ранец и сандали. Сведоците се загрижиле и го евидентирале она што го пронашле. Решиле да се вратат во селото и да ги известат другите жители. Потоа била организирана поширока потрага“, соопшти началникот на полицијата на островот Сула.

    За време на пошироката акција, мештаните пронашле питон со зголемен стомак. По расекувањето на влекачот, внатре било пронајдено телото на Хашим, кое потоа му било предадено на семејството.

    Поради инцидентот, полицијата упати апел за зголемена внимателност до локалното население.

    „Ја повикуваме јавноста да биде внимателна кога одите во градините. Доколку е можно, треба да одите во шумата во парови, а не сами, за да го намалите ризикот од слични инциденти“, рече тој.

    Овој трагичен настан доаѓа само еден месец по слични случаи во истата област, каде питон нападнал велосипедист кој одмора покрај пат, додека во Северен Малуку 44-годишна жена исто така го загуби животот на својата фарма.

    Мрежестите питони важат за најдолги змии во светот кои го онеспособуваат пленот преку стегање и задушување.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.