- Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ
- Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
- Протекоа детали – акција е поврзана со ФФМ: Истражители и полиција на терен низ Скопје
- Обвинителството и Финансиска полиција во голема акција: Се тресе на повеќе локации во Скопје
- Родителите на Коста К кој изврши масакр одат в затвор
- Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
- Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките
- Трамп од Самитот на Г-7: Кина остана целосно неутрална, Русија не се вмеша
Author: Author 04
Денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање, соопштија од МВР. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Имено претходно неофицијално објавивме грозоморен настан во кој наводно е силувано и убиено женско лице. Иако шпекулациите за „обезглавено тело“ сè уште немаат официјален печат од истражните органи, состојбата на лешот во фаза на распаѓање дополнително го зголемува сомнежот кај локалното население. Полицијата од Кочани веќе ги врши првичните истражни дејствија на теренот.
Вчера во 11:26 часот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.А.(66) од с.Заграчани, струшко, затоа што при излез од државата, во рачна торба, сопственост на Л.А., биле пронајдени и одземени два куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Според неофицијални информации, во Зрновци е регистриран грозоморен настан,во кој наводно е силувано и убиено женско лице. Во моментот на местото на настанот се службени лица од Полициска станица Кочани кои ги вршат првичните истражни дејствија. Неофицијално било пронајдено обезглавено тело но до овој момент нема потврда на овие информации. Ниту МВР ниту Обвинителството засега не го потврдуваат овој случај.
Вчера во 18:30 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот Радовиш-Конче, на влез во село Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
Владата утре на пладне веќе ќе има донесено вонредни мерки за борба против високите цени на бензините, дознава Прес24 од свои владини извори. Според информациите, Владата ја следи состојбата со цените на светските берзи кои и натаму растат. Свесни дека тоа ќе се одрази во новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика па најавуваат интервензија за ублажување на ценовниот шок. До овој момент нема информации какви мерки планира да преземе владата но владини извори веќе најавија дека се размислува за моделот со намалување на стапката за ДДВ на горивата од 18% на 10%. Во моментов цената на горивата е 92…
Вчера во 16:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар на улицата „Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Како што се наведува во полицискиот билтен, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од село Крушеани,прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
Вчера во 11:10 часот во атар на с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д.(75) од с.Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково-с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија, заедно со остатокот од европските земји, идната недела преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“,. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.
-Вчера во 20:29 часот во ОВР Гостивар од Ургентен центар-Гостивар е пријавено дека кај нив без знаци на живот бил донесен М.Ѓ.(18) од Скопје, кој претходно имал здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а по насока на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР.
Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе серија шокантни тврдења за заднината на ПР тимот на СДСМ. Според него, главниот стратег на Бихачка е Зоран Башановиќ, човек опишан како поранешен естраден менаџер, сопственик на телевизија и контроверзна фигура апсена во САД. „Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс-советник на Заев, го води ПР-от на СДСМ и Филипче. Овој човек бил избркан од СНС во Србија поради сомнителни милионски договори, а сега од скопски хотел диригира со лагите на СДСМ против српскиот претседател и владата“, изјави Манасиевски. Од партијата додаваат дека Башановиќ, заедно со Милјан Шчекиќ од агенцијата „Ај…
