Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Во мое време немаше труење

    Филипче: Во мое време немаше труење

    31.07.2026 во 16:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    -Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар – му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење.

    -Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен што мавта со обвинителство, тој и ништо друго не прави – рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите.

    Филипче потсети на состојбата со водата во Гостивар, потенцирајќи ги задоцнетите реакции на институциите и мерките кои доаѓаат откако проблемот веќе добил сериозни размери.

    -Водата во Гостивар е показател дека сите реакции задоцнуваат. Дури денеска Министерството за здравство носи некакви препораки за рано детектирање и откривање симптоми, детекција на пациенти, кога веќе епидемијата има многу силен замав. Сега стигнуваат препораки од Комисијата за заразни болести. Пред две недели предупредив дека следно што може да се јави е хепатит. Максимално несериозна импровизација и задоцнета реакција. Нема ниту одговор какви превентивни мерки се преземаат за тоа што евентуално може да се јави како резултат, како компликација на сегашната состојба. Ако има таква вода, следно се нечисти раце, нечиста вода, следно е хепатит. Тоа се знае. Тоа се учи во средно медицинско училиште, не се учи на факултет, порача Филипче.

    Тој реагираше и на препораките граѓаните да користат техничка вода, посочувајќи дека институциите мора да дадат јасни одговори за нејзината безбедност и потекло.

    -Има вода која е загадена со колиформни бактерии, која не само што не е за пиење, туку не е ни за туширање, а се дава препорака да се користи, замислете, техничка вода. Како ќе ја користат? Од каде е таа техничка вода? Кој ја контролира техничката вода? Од каде рестораните имаат техничка вода? Храната се мие со таа вода. Како стигнува водата до луѓето? Кој е овој степен на импровизација?, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.