Author: Author 04

Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови во Струмица, откако млада девојка паднала во провалија под тврдината Цареви Кули. Благодарение на брзата и професионална интервенција на пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица, девојката е успешно извлечена од бездната. Акцијата се одвивала на локацијата викана „Црвен Дол“, на исклучително тежок и непристапен терен. Шестмина пожарникари со две теренски возила се бореле со непристапноста на теренот, користејќи специјална алпинистичка опрема и носила за да стигнат до повреденото лице и безбедно да го извлечат.

Повеќе

Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО, стои во соопштението на СДСМ. „Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито од 50.000 евра. Поради овој корупциски скандал ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана. Блокираната ИПАРД 3 програмата, намалени субвенции за 40 отсто…

Повеќе

СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС. Милан Счекич…

Повеќе

Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово. Утрински температури по градови: Снежната покривка на Попова Шапка и понатаму е значителна и изнесува 58 сантиметри.

Повеќе

Денеска не очекува променливо облачно време, но со повремени сончеви периоди кои ќе го одбележат денот. Според најавите на синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -1, додека дневната ќе се искачи до 15 степени.

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати загрижувачка прогноза до граѓаните, најавувајќи дека од утре цената на дизелот би можела да достигне, па дури и да надмине 250 динари за литар. Како главна причина тој го посочи хаосот на Блискиот Исток кој ги дестабилизираше светските пазари. „Реално е дизелот да биде 250 динари, можеби и повеќе. Акцизите се веќе намалени до максимум, а сега бараме начини како нафтените компании да преземат дел од трошокот за да го сопреме растот“, изјави Вучиќ. Покрај нафтата, претседателот алармираше и за вртоглавиот раст на цената на гасот, која за само десет дена скокнала за неверојатни 65…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против И.М. (49) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 28.01.2026 во атар на селото Луке, општина Крива Паланка, пријавениот опожарил помошен објект – штала во која имало пет тони сено, земјоделски алат и опрема, во сопственост на четири лица.

Повеќе

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. Таа го поздрави холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром. Во поддршката на родителите и згрижувачките семејства, за неа е важно институциите да им овозможат на лицата со Даунов синдром, адекватено развивање на животните вештини и способности и активно учество во сите сегменти на општествениот живот, како рамноправни граѓани. Сиљановска-Давкова укажа на потребата од подигнувањето на јавната…

Повеќе

Лажна дојава за поставена бомба денеска била испратена до основно училиште во Куманово, по што веднаш реагирале полициските служби. Од СВР Куманово информираат дека околу 12:50 часот била примена пријава дека на електронската адреса на едно основно училиште во градот е испратена закана за експлозивна направа. По добиената дојава, полицијата презела итни мерки и извршила проверки на терен. По деталната контрола, било утврдено дека станува збор за лажна пријава и дека нема опасност за учениците и вработените. Од полицијата посочуваат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и откривање на испраќачот на заканата.

Повеќе

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата. Договорите се потпишани со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње. Активноста е дел од втората компонента на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој е насочен кон проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст. Со…

Повеќе