Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8

    Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8

    30.07.2026 во 18:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, соопштија од министерството за транспорт.

    „Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. 

    Во состав, покрај заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири како ко-претседавач, учествуваат и претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како и од Железници Транспорт АД-Скопје

    Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири потеницира дека изградбата на прекуграничниот железнички тунел претставува стратешки проект од регионално значење, проект што железнички ќе ги поврзе двете земји и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стока и патници и можност за зголемување на економска соработка меѓу двете држави.

    На состанокот на кој се разговарaше за клучните активности поврзани со подготовка и изградбата на прекуграничниот тунел, двете страни ја потврдија својата посветеност за интензивирање на меѓусебната соработка и координација во сите фази од неговата реализација.

    На средбата беше постигната согласност за воспоставување јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на прекуграничниот железнички тунел.

    Членовите на работната група ги утврдија следните чекори во насока на обезбедување на финансиска поддршка и техничката координација, при што беше потврдена заедничката определба за забрзување на реализација на овој стратешки инфраструктурен проект.

    Двете страни ја истакнаа важноста на Коридор 8 како еден од најзначајните европски транспортни коридори и ја потенцираа силната поддршка што Европската комисија ја обезбедува за неговата реализација.

    Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот.

    Владата преку Министерството за транспорт останува целосно посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и на унапредувањето на железничката инфраструктура, во насока на регионалната поврзаност и интеграцијата во европската транспортна мрежа“, стои во соопштението од министерството за транспорт.

    Прочитај повеќе

    Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

    23.10.2026 во 10:31

    Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери

    23.10.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.