Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Честите паузи се злоупотребуваат за политички блокади, албанскиот јазик во Собранието се почитува максимално

    Гаши: Честите паузи се злоупотребуваат за политички блокади, албанскиот јазик во Собранието се почитува максимално

    30.07.2026 во 23:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на седниците за пратенички прашања, како и на прашањата поврзани со употребата на албанскиот јазик во законодавниот дом.

    Гаши истакна дека координациите и честите паузи за време на седница за пратенички прашања не се вообичаена практика, посочувајќи дека процедуралните обраќања сè почесто се користат за политички блокади наместо за заштита на деловникот.

    Тој појасни дека деловничката можност за процедурално обраќање е замислена како механизам преку кој координаторите и пратениците ќе укажат на евентуално прекршување на Деловникот.

    „За жал, тој механизам веќе станува политички инструмент и се злоупотребува. Ќе треба да најдеме начин да го заокружиме во смислата во која е содржана во Деловникот – координаторите да го користат секогаш кога сакаат да укажат на процедура, а не за искажување политички ставови или за блокирање на седниците“, порача Гаши.

    Претседателот на Собранието подвлече дека денот за пратенички прашања му припаѓа првенствено на опозицијата за вршење надзорна функција, упатувајќи апел наместо трошење време со чести паузи, фокусот да биде врз директното испитување на владините политики.

    Одговарајќи на прашањата за наводите дека одредени акти на албански јазик немале негов потпис, Гаши ги демантираше таквите тврдења.

    „Не, спротивно е тоа. Во Собранието албанскиот јазик се почитува максимално, точно онака како што е предвидено со Законот“, заклучи претседателот на Собранието.

    Последната седница за пратенички прашања заврши предвреме откако координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски, побара едночасовна пауза поради злоупотреба на процедуралните забелешки. Поради тоа, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, констатираше дека паузата го надминува редовното работно време до 18 часот и официјално ја затвори седницата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.