- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Блискиот Исток е на чекор до тотален енергетски колапс. По утринскиот напад врз рафинеријата „Мина Ал-Ахмади“, пред неколку моменти пристигна потврда дека во пламен е и втора нафтена постројка – рафинеријата „Мина Абдула“, пренесува агенцијата АП. Двете рафинерии се наоѓаат на растојание од само 11 километри, а нападите биле извршени со беспилотни летала во кус временски интервал. Кувајтските вооружени сили соопштија дека воздушната одбрана е во полна приправност и веќе реагира на „закани од непријателски ракети и дронови“. За среќа, во двата напада засега нема пријавено жртви или повредени. Тимовите за итна реакција се на терен и се обидуваат да…
Германскиот синдикат „Верди“ уште еднаш го запре јавниот превоз во голем број сојузни покраини, предизвикувајќи огромен сообраќаен колапс. Третиот по ред предупредувачки штрајк овој пат ги погоди клучните центри како Минхен, Хамбург и Северна Рајна-Вестфалија. Според информациите на германскиот магазин „Дер Шпигел“, во Хамбург целосно се во прекин метрото и автобусите, додека во Северна Рајна-Вестфалија превозот е речиси непостоечки, со исклучок на градот Минстер. Синдикатот бара значително зголемување на платите и подобрување на условите за работа по четири месеци неуспешни преговори. Иако во некои покраини како Хесен и Шлезвиг-Холштајн веќе е постигнат договор, во Баварија и Бранденбург ситуацијата останува тензична,…
Жителите на регионот околу Ушќе во Србија поминаа немирна ноќ откако Републичкиот сеизмолошки институт регистрираше два последователни земјотреси во раните утрински часови. Иако потресите биле со слаб интензитет, тие предизвикаа вознемиреност кај локалното население. Првиот потрес е забележан неколку минути по четири часот наутро со магнитуда од 1,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на екстремно мала длабочина од само пет метри, а најмногу го почувствувале жителите на Полумир и Церје. Само неколку минути подоцна, тлото повторно се стресло, овојпат со јачина од 1,5 степени. Вториот епицентар бил лоциран на длабочина од 15 метри во близина на населените места Церје,…
Администрацијата на Доналд Трамп сериозно размислува за испраќање на илјадници дополнителни американски трупи на Блискиот Исток, како дел од операцијата „Епски бес“. Иако официјална одлука сè уште нема, извори од Белата куќа за „Ројтерс“ откриваат дека военото планирање веќе вклучува високоризични сценарија. Се разгледува испраќање копнени сили на овој остров, кој е центар на 90% од иранскиот извоз на нафта. Наместо уништување, САД сакаат контрола врз него. Трамп размислува за користење специјални единици кои би го презеле и обезбедиле високо збогатениот ураниум на Иран. Засилување на присуството за гарантирање на безбеден премин на танкерите, што може да вклучи и војници…
Светот се соочува со нов енергетски шок откако цената на суровата нафта „Брент“ рано утринава скокна на 112 долари за барел. Овој нагол пораст од над 5 проценти доаѓа по вестите за воздушни напади врз клучни енергетски капацитети во Иран и Катар. Според информациите што ги пренесе Би-Би-Си, цел на нападот бил иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле „Јужен Парс“, кое се смета за најголемо во светот. Ситуацијата дополнително се зоври откако Катар пријави огромни штети на индустриското место „Рас Лафан“, по директните закани од страна на Техеран. Иако иранските власти тврдат дека пожарот е под контрола, пазарите реагираа нервозно.…
Денешниот ден е во знакот на динамиката. Со Месечината во храбриот Овен и поддршката од моќниот Плутон во Водолија, ѕвездите ни даваат „зелено светло“ за иницијатива, расчистување на хаосот и преземање контрола над важните животни ситуации. Овен Со Месечината во вашиот знак, чувството на иницијатива и енергија е засилено. Денот носи можност повторно да се почувствува мотивацијата за нов почеток. Хармонијата со Плутон ви помага да преземете контрола над ситуација што неодамна била нестабилна. Фокусирајте се на конкретен план. Бик Денот носи потреба за повлекување и размислување. Месечината во Овен активира процеси што се случуваат зад сцената, додека Плутон во…
Граѓаните од денеска ќе точат поевтино гориво. На бензинските станици на најголемите нафтени компании во земјава – ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил, цените на дериватите се за два денара пониски од максимално утврдената цена на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова доаѓа како директен резултат на понудата од ОКТА, која на трговците им овозможи набавка по цени пониски за два денара. Одлуката беше претходно најавена од министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА, Димитриос Пасхос, како мерка која ќе важи до крајот на март. Иако РКЕ со последните две одлуки драстично ги зголеми цените (дизелот за 21…
Македонскиот музичар Дарко Андонов, под уметничкото име ДААН, ја промовираше својата најнова песна насловена „Дишам“. Композицијата е длабоко лична и инспирирана од периодот на колективна тага што ја зафати заедницата по големата трагедија во Кочани. Според авторот, песната се родила во моментите на тишина и неизговорени емоции, како обид таа празнина да се преточи во музика која нуди надеж. „‘Дишам’ е песна за тоа дека и во најтешките моменти човек мора да продолжи да дише, да продолжи да верува и да продолжи да бара светлина. Ја посветувам на сите ангели кои прерано нè напуштија и на нивните најблиски“, вели Андонов.…
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештакот Милан Ристески изнесе нови, вознемирувачки детали за начинот на кој се лекувале пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Според неговото вештачење, во медицинската документација биле пронајдени сериозни отстапувања и неправилности при изборот на терапиите. Ристески појасни дека биле проверени дури 33.000 преписи на скапа терапија, при што кај 12 пациенти лековите биле давани спротивно на медицинските индикации, односно без никаква корист и на директна штета на болните. „Има пациенти што требало да добијат ’пембролизумаб‘, а не добиле, особено во групата со рак на бубрегот. Не може да се фаворизираат пациенти според индикацијата…
Полицијата поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело демнење. Според информациите, пријавениот со патничко возило им се доближувал на 21-годишна девојка од Тетово и на нејзината мајка и ги снимал со мобилен телефон. Исто така, тој ѝ се јавувал на девојката од различни телефонски броеви, со што дополнително ја вознемирувал.
