Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Скопје: Никој нема право да ја ревидира нашата историја, државата се чува со вложување во младите

    Сиљановска-Давкова од Скопје: Никој нема право да ја ревидира нашата историја, државата се чува со вложување во младите

    02.08.2026 во 12:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

    Во своето обраќање таа ја нагласи важноста на Илинден и АСНОМ, посочувајќи дека слободата е извојувана со сопствени сили.

    „Нашата народноослободителна борба беше епохално, автентично дело, а слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободимe со нашата 120 000 бројна народноослободителна војска. Значи, никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ, па и македонскиот, има право на своја историја“, рече Сиљановска-Давкова.

    Шефот на државата се осврна на ликот и делото на Методија Андонов – Ченто, потсетувајќи на неговата судбина и политичкиот прогон.

    „Денес сигурно знаеме дека со својата принципиелност, конзистентност и доследност, тој стекнал некои непријатели меѓу моќните носители на власта, за жал, негови довчерашни соборци. Да потсетам дека со монтиран судски процес, нему му е судено и пресудено за ставови и идеи коишто се идентични со одлуките на Првото заседание на АСНОМ. Прашувам: Може ли Ченто да биде кривично одговорен пред македонскиот народен суд за идеите на АСНОМ? Се разбира, не, но владејачката политичка номенклатура и зависното, комунистичко судство му пресудиле со партиска пресуда, а не според Уставот и законите“, истакна претседателката.

    Таа додаде дека зачувувањето на државата бара вложување во младата генерација и борба против корупцијата.

    „Државата се чува со вложување во младите. Токму младите се изборија за слободата и ја создадоа државата. Речиси половина од асномците биле помлади од 30 години. За жал, денес, најперспективните млади луѓе масовно се иселуваат во потрага по пристојно место за живеење. Некои, поради блокираните евроинтеграции, посегаат и по пасош од други држави членки. Наша должност е да се бориме против корупцијата и организираниот криминал, против партократијата, ама и против загадувањето. Само кога знаењето и успехот ќе бидат поважни од книшката и познанствата, младите ќе останат да живеат, да работат и да создаваат семејства тука, дома“, посочи Сиљановска-Давкова.

    Во однос на евроинтеграциите и надворешната политика, претседателката нагласи дека блокадите се штетни за сите страни.

    „Знаеме дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање на различни спорови. Но нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување. Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат. Губиме сите“, подвлече таа.

    На крајот, претседателката ги цитираше зборовите на Ченто изречени на Третото заседание на АСНОМ.

    „Служејќи за доброто на нашиот народ, ние служиме за доброто на државата. Това което народот ни го е дал ние треба да го оствариме за вечни времиња. Само така можеме да одиме напред во прогрес…“, заврши Сиљановска-Давкова.

    Делегации од нејзиниот Кабинет присуствуваа и на одбележувањата на Илинден во Крушево, Пелинце, манастирот „Св. Прохор Пчински“ и Смилево.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.