Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело

    СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело

    02.08.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна; велат од СДСМ.“

    „Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна.

    Две години знаеле.

    Две години молчеле.

    Две години граѓаните пиеле загадена вода.

    А водата сѐ уште не е целосно исправна.

    По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски.

    Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна.

    Сѐ уште чекаме официјална потврда.

    Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат.

    Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија.

    Дали знаел и за другите места во Македонија?

    Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија – на планините и езерата.

    Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица.

    За загадувањето на Лепенец и Вардар – нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија.

    Мицкоски сакаше да се претстави како спасител.

    Наместо тоа – јавно призна кривично дело“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.