Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Франција се бори со рекорден бран пожари: Приведени 162 лица, на терен регистрирани и опасни огнени облаци

    Франција се бори со рекорден бран пожари: Приведени 162 лица, на терен регистрирани и опасни огнени облаци

    27.07.2026 во 19:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 116.000 хектари површина се изгорени во Франција од почетокот на годинава, што го прави овој бран пожари пожосток дури и од рекордната 2022 година. Француските власти потврдија дека од 6 јули досега се уапсени 162 лица под сомнение за предизвикување оган, а според официјалните податоци, дури девет од десет пожари се предизвикани од човечки фактор – од невнимание или со умисла.

    Според премиерот Себастијан Лекорну, причините најчесто се невнимание со фрлени пикавци, правење скара или градежни работи, но дел од пожарите се и намерно подметнати. За намерно предизвикување пожар законски е предвидена казна затвор до 15 години. Досега се регистрирани вкупно 13.566 пожари во кои изгореа 116.085 хектари, со што е надмината 2022 година кога беа уништени 72.000 хектари.

    Состојбата е особено критична во југоисточниот департман Вар, каде што избија три нови пожари речиси истовремено кај Варажес. Префектот Симон Бабр побара дополнителни безбедносни сили и оцени дека овие случувања не се случајни.

    „Концентрацијата и тајмингот на пожарите на познати пожарни коридори од минатото не можат да бидат случајност“, изјави Бабр.

    Поради тоа, пристапот до шумите е целосно затворен, а властите истражуваат можна намерна саботажа. Поради големиот пожар кај Понтевес, кој изби уште на 21 јули, веќе се евакуирани илјадници луѓе.

    Покрај пламените јазици, противпожарните екипи се соочуваат и со феноменот пирокумулонимбуси – таканаречени огнени облаци кои создаваат сопствен ветар и молњи. Францускиот истражувач Жан-Батист Филипи објаснува дека овој феномен, кој порано беше карактеристичен за Португалија, Калифорнија и Австралија, станува реалност и во Франција поради климатските промени. Овие облаци во земјата првпат беа забележани во 2022 година кај Ландирас, јужно од Бордо.

    Дополнителен проблем за противпожарниот систем предизвика и хакерски напад. Париското обвинителство отвори истрага за хакерски упад врз пет противпожарни и спасувачки служби во департманите Ен, Алпи на Горна Прованса, Приморски Алпи, Ланд и Марна. Иако од системите се извлечени лични податоци, функционалноста на службите не е нарушена, а засега нема потврда дали нападот е поврзан со пожарите.

    Драматична е состојбата и во соседството. Во Португалија стотици пожарникари и авиони се борат со огнот кај Браганса, Гуарда и Сантарем, а за северниот и централниот дел од земјата е прогласена максимална опасност од пожари.

    Прочитај повеќе

    Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“

    17.08.2026 во 18:51

    Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени

    17.08.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.