Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во четврток е Огнена Марија – какви се народните верувања и обичаи

    Во четврток е Огнена Марија – какви се народните верувања и обичаи

    27.07.2026 во 20:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија. Таа во христијанската традиција се почитува како борец за верата и заштитничка на жените.

    Според народните верувања, Света Марина спаѓа во редот на таканаречените огнени светци, кои палат и казнуваат со оган. Исто како и Свети Илија, кој според преданието казнува со гром, и за овој празник се врзани строги обичаи.

    Во македонската традиција постои обичај на овој ден, кога поради големите летошни жештини „гори и небото и земјата“, да не се извршува никаква тешка физичка работа. Во народните преданија се споменуваат бројни примери за оган и громови кои ги палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои не го почитувале празникот и работеле на нива или околу куќата.

    Житието вели дека Света Марина била родена во Антиохија Писидиска во незнабожечко семејство. На дванаесетгодишна возраст за првпат слушнала за Господ Исус Христос, Неговото воплотување, чуда, крсна смрт и воскресение, по што се заветувала дека никогаш нема да се мажи и дека сака да пострада за верските убедувања. Поради ова, нејзиниот татко се одрекол од неа.

    Подоцна, царскиот намесник Олимвриј дознал за неа и побарал да му стане жена. Откако таа го одбила и одбила да им се поклони на идолите, била подложена на тешки мачења и фрлена во затвор. Според преданието, во затворот ѝ се јавил ѓаволот во облик на страшна змија, која се распукала откако светителката се прекрстила.

    Откако ги преживеала мачењата со оган и вода, Олимвриј на крајот ја осудил на смрт со меч.

    Прочитај повеќе

    Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции

    28.09.2026 во 19:42

    Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари

    28.09.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.