Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе го фатиме како фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него во реката“
    • Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји
    • Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Замина човекот, но легендата останува“: Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака се прости од актерската легенда Гоце Тодоровски

    „Замина човекот, но легендата останува“: Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака се прости од актерската легенда Гоце Тодоровски

    27.07.2026 во 19:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски.

    Ѓорѓиевски истакна дека не постојат вистински зборови за простување од човек кој зад себе оставил убавина, спомени и човечка топлина, нагласувајќи го големиот придонес на актерот за македонската култура.

    „Имавме многу заеднички моменти, разговори, средби и спомени кои денес добиваат уште поголема вредност. Спомени што ќе ги носам со себе и кои времето никогаш нема да ги избрише. Гоце Тодоровски беше дел од нашето детство, од нашите домови, од нашите животи. Со неговите улоги растевме ние, растеа нашите родители, а ќе растат и генерациите што доаѓаат по нас“, напиша Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека Тодоровски целиот свој живот ѝ го посветил на уметноста, оставајќи зад себе непроценливо богатство, а секоја негова емоција и збор остануваат како траен печат.

    „Денес замина човекот, но легендата останува. Чичко Гоце, ти благодарам за сѐ! Ти благодарам за добрината, за насмевката, за човечноста и за сите моменти што имав чест да ги споделам со тебе. Ти благодарам за неповторливиот придонес во македонската уметност и за неизбришливата трага што ја остави во срцата на сите нас“, се наведува во објавата.

    Ѓорѓиевски во својата Poraka истакна дека луѓето како Тодоровски никогаш вистински не заминуваат, бидејќи продолжуваат да живеат преку своите дела и сеќавањата на оние што ги сакале.

    „Нека ти е светол патот кон вечноста“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе го фатиме како фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него во реката“

    18.09.2026 во 09:16

    Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”

    18.09.2026 во 08:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.