Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Забранета водата за пиење од шест чешми и водоводи во Кичево и кичевско

    Забранета водата за пиење од шест чешми и водоводи во Кичево и кичевско

    31.07.2026 во 20:311 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење на водата за пиење од шест водоснабдителни објекти во градот и околните населени места.

    Мерката е донесена по добиено официјално решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

    Одлуката за забрана е донесена врз основа на добиените резултати од лабораториските физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероците од водата, кои ги изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, согласно одредбите од Законот за безбедност на храната.

    Според издаденото известување, до ново обраќање од надлежните органи, водата за пиење не смее да се користи од следните локации:

    • селскиот водовод во Гарани (чешмата кај џамијата),
    • патната чешма во Другово (кај разделната градба),
    • јавната чешма „Бела Кула“ во Кичево,
    • селскиот водовод во Стрелци (кај училиштето „Милто Гура“),
    • селскиот водовод во Шутово (пункт „Милто Гура“),
    • селскиот водовод во Премка (во центарот на селото).

    Од Општина Кичево апелираат до сите граѓани строго да ја почитуваат изречената забрана со цел заштита на сопственото здравје, истакнувајќи дека мерката стапува на сила веднаш.

    Истовремено, од локалната самоуправа појаснуваат дека водата за пиење од изворот Студенчица, односно градскиот водоводен систем кој се снабдува од овој извор, е целосно исправна, безбедна и одговара за употреба.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.