Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скокна цената на нафтата

    Скокна цената на нафтата

    31.07.2026 во 19:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата на светските берзи забележаа нов раст и ја надминаа границата од 90 долари за барел, покренати од зачестените прекини во бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец и новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран.

    На лондонската берза барелот се тргуваше по цена од 90,16 долари, што е зголемување за 1,13 долари во споредба со претходниот ден. На американскиот пазар, цената исто така се зголеми за 1,75 долари и достигна 85,34 долари за барел.

    Трговците и пазарните аналитичари со зголемено внимание го следат протокот на танкери во Ормутскиот теснец и Црвеното Море. Според информациите од иранските медиуми, Иранската револуционерна гарда запрела два танкери кои се обиделе да транзитираат низ теснецот, додека уште четири други plовила биле принудени да ја променат својата рута.

    Иранските власти објавија дека сообраќајот низ оваа стратешка поморска точка останува суспендиран по новите напади на САД во регионот, на што Техеран одговори со напад врз американска база во Кувајт. Податоците од следењето на пловидбата покажуваат дека транзитот на сурова нафта е сведен на минимум.

    Истовремено, ситуацијата дополнително се комплицира во Црвеното Море, каде јеменското движење Ансар Алах блокираше саудиски пристаништа како одговор на саудиската блокада врз Јемен. Од движењето, сепак, тврдат дека сите останати бродови можат да пловат безбедно.

    Пазарните експерти посочуваат дека динамиката на формирање на цената веќе се потпира директно врз реалните податоци за логистиката и транспортните капацитети, а не само врз воената реторика.

    „На пазарот повеќе не се тргува врз основа на воени вести, туку врз основа на податоци за превозот“, рече Оле Хвалби, пазарен аналитичар во SEB Research.

    Паралелно со кризата, Саудиска Арабија започна иницијатива за формирање коалиција за заштита на пловидбата во Баб ел-Мандеб, Црвеното Море и Аденскиот Залив, иницијатива која досега доби поддршка од 14 држави.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.