Повеќе делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија.
Прекините ќе се реализираат во различни временски интервали. Од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Лазар Поп Трајков“ и „16-та Македонска Бригада“.
Во периодот од 08:55 до 12:55 часот прекин ќе има на улицата „Мршевци“ во истоименото село во општина Илинден, додека од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“, крак 24, во Кисела Вода.
Од 09:15 до 13:15 часот прекин во снабдувањето е најавен за жителите на село Брњарци, како и за објектите на ЗИК Краварство, Давос, АРС Комерц и Еуролес во општина Гази Баба.
Дополнително, од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Габреш“, „Лазар Поп Трајков“ и „Ташко Караџа“ во Гази Баба.
Претходно, во периодот од 04:30 до 05:30 часот, прекин во снабдувањето имало во Маџари, Синѓелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник, Хиподром, како и во објектите во индустриската зона Маџари.

